Град Скопје објави јавен повик на нивниот вебсајт, за избор на членови за формирање Иницијативен одбор, кои ќе бидат дел од иницијативата за создавање Локален младински совет на Град Скопје. Иницијативниот одбор ќе биде составен од 3 члена.
Младите лица коишто сакаат да се вклучат во Иницијативниот одбор треба да ги исполнуваат следниве услови:
– Да бидат жители на град Скопје;
– Да бидат на возраст од 15 до 29 години;
– Да бидат креативни и способни за индивидуална и тимска работа.
Критериуми за организации кои сакаат да номинираат свој претставник:
– Да се младински здруженија;
– Организации за млади;
– Подмладоци на политички партии;
– Средношколски или студентски заедници;
– Спортски друштва;
– Културно – уметнички друштва;
– Други форми на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади;
– Да се регистрирани и/или да делуваат на подрачјето на град Скопје;
– Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво.
Иницијативниот одбор ги има следниве задачи:
– Го распишува Јавниот повик за конститутивно Локално собрание на млади на Град Скопје во согласност со Статутот на Град Скопје;
– Соработува со Град Скопје во организирање, креирање и конституирање на Локалното собрание на млади на Град Скопје;
– Иницијативниот одбор се формира заради конституирање на Локалното собрание на млади, а се распушта по одржување на првата конститутивна седница на Локалното собрание на млади.
Јавниот повик ќе трае до 11 март.
Повеќе информации за повикот може да најдете на следниов ЛИНК.