Град Скопје за биотехнолошката лабораторија доби награда од 50 илјади долари од Младинскиот климатски акциски фонд

Град Скопје доби награда од 50 илјади долари за досегашниот постигнат успех на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот, односно за иницијативите предводени од младите за рециклирање и намалување на отпaдот, од Младински климатски акциски фонд.

„Меѓународните истражувања покажуваат дека повеќе од 60% од младите сметаат дека националните влади не прават доволно за справување со климатските промени. Поради тоа, Младинскиот климатски акциски фонд на ‘COP28’ (Конференција на Обединетите нации за климатски промени) одбра градови со организациски капацитет и потенцијал да ги ангажираат младите во изнаоѓање на решенија“, се вели во соопштението.

Овој фонд обезбедува техничка помош и финансирање на млади лица на возраст од 15 до 19 години, кои ќе управуваат со био отпад и ќе дизајнираат и произведуваат рециклирани производи во рамки на биотехнолошката лабораторија.

„Во рамки на Локалниот самит за климатски активности на ‘COP28’, Младинскиот климатски акциски фонд и ‘Bloomberg Philanthropies’ обезбедија поддршка за иновативни пристапи кои поттикнуваат младите повеќе да се активираат. Иницијативите во Скопје вклучуваат програми за климатско образование, младински климатски хакатони и настани за подигање на еко свеста“, додаваат од Град Скопје.

Инаку, првата биотехнолошка лабораторија во Македонија беше отворена во март минатата година.

Во СУГС „Марија Кири – Склодовска“ отворена првата градска биотехнолошка лабораторија