Градоначалничката Арсовска ги додели признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител за 2023 година во Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска денеска им додели признанија на Здравко Милевски за најдобар пожарникар, Сашо Божиновиќ за најдобар полицаец и на Светлана Трајкова за најдобра крводарителка за 2023 година.

Како што посочуваат од Град Скопје, тие во текот на изминатата година ја демонстрирале својата храброст и солидарност, и додаваат дека радува фактот што станува збор за луѓе избрани од својот колектив како најдобри.

„За најдобар пожарникар во 2023 година истакнат со особено ефикасно и успешно работење е прогласен Здравко Милевски предложен од Командирот на вод на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Милевски во изминатата година учествувал во гаснењето на бројни пожари и учествувал во технички интервенции со што придонел за намалување на материјални штети и спасување на човечки животи“, велат од Град Скопје.

фото: Град Скопје

За најдобар полицаец е прогласен Сашо Божиновиќ, вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, предложен од Секторот за внатрешни работи Скопје, за особени резултати при реализација на многубројните задачи и активности за потребите на СВР Скопје и значаен придонес во тимот, додаваат од Град Скопје.

фото: Град Скопје

Светлана Трајкова е најдобра крводарителка на подрачјето на Град Скопје за 2023 година, која е предложена од Црвениот крст на Град Скопје, како докажан волонтер и истакнат позитивен пример, кој претставува поттик на сите генерации да станат крводарители и волонтери во хуманитарни акции. Трајкова, како што посочија од Град Скопје е добитник и на признание за најуспешна жена крводарител која Црвен крст на град Скопје традиционално jа доделува по повод 13 Ноември.

фото: Град Скопје