Организацијата Факултет за работи што не се учат (ФРУ) објави јавен повик за учество во интердисциплинарната платформа ,,Градот како сцена: изведување на јавниот простор”.
Платформата, преку создавање активности кои најчесто имаат перформативен завршеток, има за цел да истражува различни медиуми и нивната интердисциплинарна конекција – визуелна уметност, архитектура, театар, видео, филм и просторни инсталации.
Зошто да се пријавам?
– Платформата е едукативна и помага во разбрањето на изведувачките уметности во корелација со општествените контексти
– Платформата нуди менторска работа со работилници, предавања на експерти и истражувања (користејќи архиви, пишани и аудио интервјуа и други достапни извори) на јавни простори низ градот
– Учесниците учат да го трансформираат градот во сцена на која се „изведуваат” проблемите на заедницата како заложба за менување на општата ситуација.
Кој може да се пријави?
Студенти кои моментално студираат на факултетите за драмски или ликовни уметности, архитектура, антропологија, книжевност и други сродни факултети
Млади (до 35 години) кои имаат дипломирано во последните 5 години и кои се заинтересирани во полето на интердисциплинарните уметности
Млади (до 35 години) кои не студираат/ле на горенаведените факултети, а имаат интерес да се вклучат во овој тип на активности
Кој е начинот на пријавување?
Заинтерeсираните треба да го пополнат google forms документот на овој ЛИНК.
Дополнително, заинтересираните можат да испратат и Лимиер видео од избран објект/простор во градот на мејлот: cityasastage@gmail.com
За да снимите Лимиер видео/едноминутно видео изберете објект низ градот, бидете мирни додека го снимате, не мрдајте се себеси или вашата камера (најверојатно мобилен телефон) и снимајте точно една минута. Снимката може да биде од блиску или далеку, од долу или горе, може да содржи луѓе, автомобили, или ништо од тоа. Не правете селфи. Затоа што вие сте зградата.
Повикот е отворен од 22 септември и ќе трае до 5. октомври. Избраните апликанти ќе бидат известени по мејл на 6. октомври, а следниот ден следи информативна заедничка сесија.
Проектот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија.
Повеќе информации може да најдете на следниов ЛИНК.