Градот Скопје годинава ќе ги мотивира скопските средношколци за спортување со доделување стипендии за средношколци-спортисти и реконструкцијата на спортските сали. Наградниот фонд кој е предвиден за стипендии изнесува 3 милиони денари, а Градот ќе стипендира вкупно 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, со по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година, соопштија од Град Скопје
И годинава, најдобрите екипи од средните училишта ќе имаат можност за една спортска дружба со нивните врсници од странство. По успешните гостувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и Белград, обезбедени се средства за патување во еден од европските збратимени градови за најдобрите средношколски екипи во мал фудбал, одбојка, ракомет и кошарка, во женска и во машка конкуренција.
Бројот на учесниците во овие лига и турнир систем натпревари во средните училишта секоја година се зголемува, а годинава веќе ја надмина бројката од 6.000 ученички и ученици од 29 средни училишта во Скопје.За организација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот годинава од својот буџетот одвои 2,3 милиони денари.