Градски дувачки оркестар низ центарот на Скопје по повод Денот на независноста

По повод државниот празник Денот на независноста, Градскиот дувачки оркестар денеска (7-ми септември) од 18 часот ќе одржи параден/маршовски концерт во центарот на Скопје.

Маршутата на движење ќе се одвива од Музеј на Град Скопје кон Плоштад „Македонија“, по улица „Македонија“.