Кампањата со наслов „За БиХ без дискриминација – граѓанин/ка на БиХ пред се“ е идеја на Коалицијата против уставна дискриминација „Еднаквост“, а во последните денови станува интернет-сензација не само во Босна и Херцеговина, туку и пошироко.
Целта на кампањата е да се охрабрат граѓаните кои не се препознаваат во категориите на „конститутивност“ за претстојниот попис на населението во БиХ, да се побунат против уставната дискриминација и да одбијат да се попишат со етнички или „конститутивни“ национални категории. Пописот предвидува графи само за „конститутивните“ народи во БиХ, а граѓаните не можат да се изјаснат како Босанци или Херцеговци, туку само како Срби, Хрвати или Бошњаци. На овој начин, организаторите на кампањата сакаат да покажат дека во земјата живеат голем број граѓани кои не се препознаваат во овие етнички или конститутивни категории и кои поради тоа се чувствуваат дискриминирани во босанскиот уставен и законски систем.
Граѓаните подготвено ја прифатија кампањата и своето незадоволство го изразуваат на духовит и креативен начин. Мемеата со натписи „не сум конститутивен“, кои го преплавија интернет-просторот, потекнуваат од фотографијата на студентката Маша Дуркалиќ, која ја испратила како поддршка за кампањата. Нејзините ФБ-пријатели по ова направиле стотици верзии на фотографијата, а во меѓувреме е отворен блог и посебна ФБ-страница. Погледнете дел од нив: