Граѓанскиот активизам две години по смртта на Нешковски

Граѓанскиот активизам по две години од смртта на НешковскиДве години по смртта на Мартин Нешковски и 40-дневните протести на активистите од движењето „Стоп за полициската бруталност“, состојбите во земјава само малку се променети. Нема одговорност за институцијата која го прикриваше убиството, а граѓанскиот активизам сè уште стои на маргините. Сепак,  токму ова движење остана запаметено како прво од овој вид и еден од ретките отворени изблици на граѓанско незадоволство во земјава , од кое подоцна младите активисти учеа како се прават протести.

Воислав СтојановскиДамјан Здравев и Павлина Каранфилова беа дел од активистите што секојдневно излегуваа на скопските улици и бараа правда. За Радио МОФ тие раскажуваат што се случуваше пред две години, уверени дека нивниот активизам направил некакви промени во општеството. Никола Наумовски од „Плоштад слобода“, пак, се потсетува колку се труделе да ги избегнат политичките етикетирања, но и како тоа се одразило врз движењето.

Дел од нивните ставови и уверувања може да се слушнат во аудио-прилогот на Радио МОФ.

Radio prilog za dvizanjeto Stop za policiskata brutalnost by Radio Mof on Mixcloud

И покрај тоа што барањата на активистите останаа неисполнети, „Стоп за полициската бруталност“ за првпат покажа дека и во Македонија има критична маса, млади луѓе кои бараат промени, но и институции кои остануваат глуви на нивните барања. Случајот со Мартин Нешковски сега патува во Стразбур – меѓународната институција допрва ќе пресудува што навистина се случи пред две години.

Ј.Ј.