Граѓани преку социјалните мрежи за утре повторно повикаа на бојкот на маркетите

Преку социјалните мрежи повторно се шири повик за бојкот на маркетите утре, поради високите цени на храната.

Ваквиот повик доаѓа по првичниот бојкот кој се одржа минатиот петок, на 31 јануари. Тогаш беше забележан пад на вкупниот промет за 46.59% на осумте најголеми ланци маркет, во споредба со претходниот петок, на 24 јануари. Еден ден по бојкотот пак, податоците покажаа дека прометот бил поголем за 11.2% отколку претходната сабота.

Повикот за првичниот бојкот во Македонија беше инспириран од акцијата во Хрватска на 24 јануари. Ова беше инспирација и за граѓаните во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Романија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија и Унгарија. Бојкотот на маркетите доаѓа во време на нагло зголемување на цените на храната и животните трошоци низ регионот и имаат генерална поддршка од јавноста.