Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Додека од градскиот парк одекнуваа звуците на брас квинтетот кој ја свиреше „Скопје радост ти ќе бидеш“, на улицата „Орце Николов“ во Општина Центар, граѓаните полека се собираа на граѓанскиот протестен собир „Кога пилите ќе стивнат“, по повод сечата на дрвја која во четвртокот ги разбуди жителите во центарот на градот.
„Скопје радост ти ќе бидеш“ ја потпевнуваа и активистите од „Зелен, хуман град“, кои велат дека се изманипулирани, бидејќи во мај градоначалникот на Општина Центар, најавил дека дрворедот на улица „Орце Николов“ ќе биде заштитен бидејќи „постоечкото зеленило ќе биде само надополнето со ново“, за минатиот четврток да се случи трагедија – да се исечат овие дрвја бидејќи биле целосно суви и трули – нешто што сликата на терен не го докажувала.
Мила Јовановска, претседателка на здружението „Гоу Грин“ – Скопје, дел од иницијативата „Зелен хуман град“ запрашува зошто градоначалникот на Општина Центар истакнал дека ќе го зачува дрворедот кога уште во месец април е поднесено до Град Скопје барање за сечење на 10 дрвја.
„Зошто вели дека во решението има само 13, кога решението е само за 10 дрвја. Дали Град Скопје и „Паркови и зеленило“ кога го направија увидот на лице место за состојбата на дрвјата го консултираа зелениот катастар? Зелениот катастар кој што вели „целта му е да се спречи непотребното непотребното сечење и уништување на дрвјата“. Лажете или не сте координирани? Што е причината не знам, меѓутоа време е да си преземете одговорност. Да престанете да си ја префрлате вината на претходната власт. Нема да престанеме да ги толерираме овие компензации што ги правите вие, едно старо дрво не може да биде зaменето со ново, тоа го гледаме од пред неколку години улица „Илинденска“, „Климент Охридски“, Автокоманда – целото тоа зеленило што беше исечено еве ден денес, години подоцна не може да биде заменето со млади дрвја“, истакнува Јовановска.
Драгана Велковска од иницијативата „Зелен, хуман град“, вели дека е катастрофално она што се случи на улицата „Орце Николов“, бидејќи, според неа, градот Скопје има урбани топлински острови, градот Скопје има низа стратегии за справување со климатската криза, но надлежните очигледно ниедна од тие стратегии не ги консултираат, ниедна од тие мерки не ги применуваат на терен и со тоа го загрозуваат и животот и здравјето на граѓаните.
Десетиците граѓани и активисти на денешниот собир побараа да се престане со понатамошно убивање на зеленилото во Скопје – еден од најзагадените градови во Европа. Тие побараа одговорност од институциите и јавно претставување на сите документи со кои располагаат локалните власти, со кои наводно се потврдува дека зеленилото кое овде е уништено, било за уништување. Побарана беше и навремена вклученост на граѓаните, бидејќи самите жители на улицата ниту знаат колку дрвја се исечени, ниту знаат дека воопшто ќе бидат исечени тие дрвја. Активистите велат дека тоа никаде не било најавено, ниту пак жителите биле информирани.
„Тоа е сосем спротивно на сите начела и правила за одговорно владеење. Ако сакаме да живееме во демократска земја каде што граѓание навистина се слушаат, каде што се владее навистина во склад со сите напредни принципи за вклученост на јавноста, тогаш не можеме да се однесуваме на овој начин. Бараме институциите да си ги изменат статутите на општините, бараме одговорно и јавно веднаш да ги објават сите документи и понатаму во иднина навремено да ја вклучуваат јавноста во сите процеси – не може да се постапува повеќе и ние повеќе нема да го толерираме ова“, вели Велковска.
Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата „Мој Воздух“, дел од од иницијативата „Зелен, хуман град“, нагласува дека веќе седум години се бори против аерозагадувањето, не само во главниот град, туку низ целата држава.
„Секое парче зеленило е битно за да се заштити квалитетот на воздухот кој што сè уште го имаме како проблем. Можеби во моментов дишеме чист воздух, но не е поради вакви моменти, каде што сечеме зеленило кое допринесува за подобар воздух за дишење. Иницијативата „Зелен, хуман град“ креираше платформа наречена „Мој град“, каде што им дозволува на скопјани, а понатаму се надеваме и на сите граѓани на државата да може да поднесуваат сопствени предлози за како да го направат нивниот град поубав, похуман и позелен и сите тие предлози да се пренесуваат до градското Собрание со цел да имаме поубав град и да ги избегнуваме ситуациите како што се случија овде во Центар. Ние ќе стивнеме кога пилите ќе стивнат“, објаснува тој.
Јана Белчева Андреевска, активистка и советничка во Советот на Општина Центар, која што исто така присуствуваше на протестот, за Радио МОФ вели дека ова е еден повик локалните власти да покажат повеќе почит и кон луѓето и кон природата.
„Нивните одлуки директно влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните. И тие граѓани се од сите различни вери, нации и политички провиненции. Ние тука се собравме на еден граѓански собир за да покажеме дека очекуваме дека одлуките што се носат на локално ниво, мора да бидат со вклучување на граѓаните со информирање на граѓаните, аргументирани врз база на податоци, со здрава комуникација, а не со изигрување. И мислам дека само на тој начин и само со такви одлуки ние ќе може да имаме позелена иднина, поправично општество и повеќе демократија и поголема вклученост – партиципативност и подобри одлуки за да ги зачуваме и зеленилото и да живееме во поздрава средина и за на крај да имаме посреќен живот“, нагласува Белчева Андреевска.
Природата не разбира за компензација
Во своето обраќање на протестниот собир, активистката Мила Јовановска, истакна дека во мај, градоначалникот на Општина Центар, изјавил дека зеленилото ќе биде зачувано и ќе биде само надополнето со ново, за во меѓувреме да се случи масакр.
„Во центарот на градот, градот кој што е еден од најзагадените градови во светот. Координирани ли воопшто или само не манипулирате и лажете? Барањето од Општина Центар до Град Скопје за сечење на овие дрвја е поднесено во април, а во мај, Град Скопје и „Паркови и зеленило“ утврдуват дека десет дрвја, а не тринаесет, десет се целосно трули и шупливи. Зошто градоначалникот вели дека решението е за 13 дрвја кога пишува 10? Зошто вели дека кога е изваден асфалтот, немало корени за дрвјата, па затоа морало да ги кутнат? Направивте ли евиденција на лице место? Не биваше ли за згодно да викнете една прес-конференција, до медиуми да испратите едно соопштение како што знаете за секоја улица да да се пофалите, да го известите народот, граѓаните, жителите на Дебар Маало за оваа сеча? Природата не разбира за компензација. Не може плукни-залепи ко со бекатонот и бетонот што правите секој мандат, да го правите со дрвјата“, истакна таа.
Општина Центар го поддржува правото на слобода на говор
Од Општина Центар велат дека тие и понатаму остануваат посветени на остварување на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина, па оттука, во целост го разбираат најавениот протест на граѓаните по повод сечењето на дрвата на улицата „Орце Николов“ и потполно го поддржуваат правото на слобода на говор и изразување.
„Во однос на барањата упатени до Општина Центар од организаторите на протестот, „Зелен, хуман град“, сакаме да разјасниме неколку дилеми кои изминатите денови кружат во јавноста. Издадено е решение за отстранување на 13 дрва, од кои отстранети се 8, по претходно извршени испитувања од надлежните стручни служби, каде е утврдено дека се работи за стари, болни и оштетени дрва. Крошните на дрвата чии гранки се кршеа при секое поголемо невреме во градот претставуваа опасност за граѓаните и минувачите. Во повеќе наврати до општината од жителите од околните згради има пристигнати писмени барања за отстранување на дрвата. Оние дрва што се отстранија, ќе се заменат со нови, висококвалитетни садници, а за останатите ќе се бараат дополнителни решенија“, велат оттаму.
Од општината нагласуваат дека проектот за улицата „Орце Николов“ веќе две години бил изложен на увид во Општина Центар, дека е објавен на општинската веб-страна, а неколкупати бил објавуван и во јавноста.
„Крајната наша цел е граѓаните да добијат квалитетна и безбедна реконструирана улица. Еден од приоритетите на работата на Општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ е заштитата на животната средина. Општина Центар останува на ставот за зачувување на целиот дрворед на улицата „Орце Николов“, отстранетите дрва ќе се заменат со нови, а Центар, Скопје и граѓаните ќе добијат нова, квалитетна и безбедна улица“, велат од Општина Центар.
Драгана Велковска за Радио МОФ пак, вели дека доколку луѓето биле информирани, тие немало да бидат револтирани.
„Луѓето не се револтирани кога се вклучени во процесите и кога се информирани навремено за нив. Од друга страна, да се каже дека сите дрвја биле болни, а ние имаме и видеа од сечењето, каде јасно се гледа дека огромни стебла кои се целосно здрави беа исечени, тоа е уште едно изигрување и вреѓање на интелегенцијата на скопјани“, објаснува таа.
Активистот Горјан Јовановски, во своето обраќање на протестот, истакна дека ако продолжиме да го сечеме и уништуваме зеленилото, не само во главниот град кој што станал бетонска џунгла, туку и во целата држава – нема да дишеме чист воздух.
„Се збори дека сме имале чист воздух годинава, се зборува дека сме го заборавиле загадувањето, но забораваме да ги пресметаме дополнителните фактори на температурата, на ветрот, на КОВИД-от, сите фактори кои што влијаат и не можеме да кажаме поради вакви ситуации ние дишеме чист воздух. Зеленилото на сите ни е потребно, тука што сте вие, сигурно не треба да ви објаснам зошто е добро да имаме големи дрвја. Не треба да ви објаснам дека тие ја намалуваат температурата на главниот град, не треба да објаснам дека тие дозволуваат многу почист воздух да дишеме и сигурно не треба да објаснам дека тие го животниот век на секој граѓанин на Скопје и секој граѓанин на Македонија“, забележа тој.
Ивана Смилевска
-
“Qytetarët do të qetësohen kur do të pushojnë sharrat” – u mbajt protesta për shkak të prerjes së drurëve në “Orce Nikollov”
Ndërsa tingujt e bras kuintetit dëgjoheshin që luanin “Shkup, gëzim ti do të jesh” (Скопје радост ти ќе бидеш) jehuan nga parku i qytetit në rrugën “Orce Nikollov” në Komunën e Qendrës, qytetarët ngadalë po mblidheshin në tubimin e protestës civile “Kur sharrat do të qetësohen “, me rastin e prerjes së drurëve, të cilat zgjuan banorët në qendër të qytetit të enjten.
“Shkup, gëzim ti do të jesh” u këndua edhe nga aktivistët nga “Qyteti i gjelbër, human”, të cilët thonë se janë manipuluar, sepse në maj kryetari i Komunës së Qendrës njoftoi se drurët në rrugën Orce Nikollov do të mbrohen sepse “gjelbërimi ekzistues do të plotësohet vetëm me të reja”, që të ndodhë një tragjedi të enjten e kaluar – të prihen këto drurë sepse ishin plotësisht të thata dhe të kalbura – diçka që fotografia në terren nuk e vërtetoi.
Milla Jovanovska, kryetare e shoqatës “Go Green” – Shkup, pjesë e iniciativës “Qytet i gjelbër, human” pyet pse kryetari i Komunës së Qendrës tha se do ta shpëtonte drurët kur që në prill kërkesa iu dërgua Qytetit të Shkupi të presë 10 pemë.
“Pse thotë ajo, në aktvendimin ka vetëm 13, kur aktvendimi është vetëm për 10 pemë. A u këshilluan qyteti i Shkupit dhe “Parqet dhe gjelbërime” kur bënë këqyrjen në terren për gjendjen e pemëve? Kadastri i Gjelbër, i cili thotë se “qëllimi i tij është të parandalojë prerjen dhe shkatërrimin e panevojshëm të pemëve”. Po gënjeni apo nuk jeni të koordinuar? Nuk e di arsyen, por është koha të merret përgjegjësi. Të ndalet fajësimi ndaj qeverisë së mëparshme. Ne nuk do të tolerojmë këto kompensime që ju bëni, një pemë e vjetër nuk mund të zëvendësohet me një të re, e shohim atë për disa vite tani, Rruga Ilindenska, Kliment Ohridski, Avtokomanda – gjithë gjelbërimi që u pre edhe sot, vite më vonë, nuk mund të zëvendësohet me pemë të reja”, tha Jovanovska.
Dragana Velkovska nga nisma “Qytet i gjelbër, human” thotë se ajo që ndodhi në rrugën Orce Nikollov është katastrofike, sepse, sipas saj, qyteti i Shkupit ka ishuj të nxehtësisë urbane, qyteti i Shkupit ka një numër strategjish për ballafaqim me krizën klimatike, por autoritetet padyshim që nuk konsultohen me ndonjë nga ato strategji, nuk zbatojnë asnjë nga ato masa në terren dhe kështu rrezikojnë jetën dhe shëndetin e qytetarëve.
Dhjetëra qytetarë dhe aktivistë në tubimin e sotëm kërkuan t’i jepet fund vrasjes së mëtejshme të gjelbërimit në Shkup – një nga qytetet më të ndotura në Evropë. Ata kërkuan përgjegjësi nga institucionet dhe prezantimin publik të të gjitha dokumenteve në dispozicion të autoriteteve lokale, të cilat pretendohet se konfirmojnë se gjelbërimi që u shkatërrua këtu ishte për shkatërrim. Është kërkuar përfshirja në kohë e qytetarëve, sepse banorët e rrugës nuk e dinë se sa pemë janë prerë, dhe as nuk e dinin se ato pemë do të priteshin. Aktivistët thonë se nuk kishte njoftim askund, as nuk u informuan banorët.
“Është plotësisht në kundërshtim me të gjitha parimet dhe rregullat e qeverisjes së përgjegjshme. Nëse duam të jetojmë në një vend demokratik ku qytetarët vërtet dëgjohen, ku qeveria është në të vërtetë në përputhje me të gjitha parimet e përparuara të përfshirjes së publikut, atëherë nuk mund të sillemi në këtë mënyrë. Kërkojmë nga institucionet që të ndryshojnë statutet e komunave, kërkojmë përgjegjësi dhe publikisht të publikojnë të gjitha dokumentet menjëherë dhe në të ardhmen të përfshihet publiku në të gjitha proceset në kohën e duhur – nuk mund të ndërmerren më veprime dhe ne nuk do të tolerojmë këtë”, tha Velkovska.
Gorjan Jovanovski, krijuesi i aplikacionit “Ajri im”, pjesë e nismës “Qyteti i gjelbër, human”, thekson se për shtatë vjet ai ka luftuar ndotjen e ajrit, jo vetëm në kryeqytet, por në të gjithë vendin.
“Çdo pjesë e gjelbërimit është e rëndësishme për të mbrojtur cilësinë e ajrit që ne ende kemi si problem. Ndoshta për momentin thithim ajër të freskët, por nuk është për shkak të momenteve të tilla, ku prihet gjelbërimi që kontribuon për ajër më të mirë. Nisma “Qyteti i gjelbër, human” krijoi një platformë të quajtur “Qyteti im”, ku lejon shkupjanët, dhe më tej shpresojmë që të gjithë qytetarët e vendit të paraqesin propozimet e tyre se si ta bëjnë qytetin e tyre më të bukur, më shumë human dhe më të gjelbër dhe të gjitha ato propozime do të transferohen në Kuvendin e Qytetit për të pasur një qytet më të mirë dhe për të shmangur situata si ato që ndodhën këtu në Qendër. Ne do të qetësohemi kur do të qetësohen sharrat”, shpjegoi ai.
Jana Belçeva Andreevska, aktiviste dhe këshilltare në Këshillin e Komunës së Qendrës, e cila gjithashtu mori pjesë në protestë, tha për Radio MOF se kjo është një thirrje që autoritetet lokale të tregojnë më shumë respekt për njerëzit dhe natyrën.
“Vendimet e tyre ndikojnë drejtpërdrejt në cilësinë e jetës së qytetarëve.” Dhe ata qytetarë janë nga të gjitha fetë, kombet dhe provinienca politike të ndryshme. U mblodhëm këtu në një tubim qytetar për të treguar se presim që vendimet e marra në nivelin lokal duhet të përfshijnë qytetarët duke i informuar ata, duke argumentuar në bazë të të dhënave, me një komunikim të shëndetshëm dhe jo me mashtrim. Dhe mendoj se vetëm në atë mënyrë dhe vetëm me vendime të tilla do të jemi në gjendje të kemi një të ardhme më të gjelbër, një shoqëri më të drejtë dhe më shumë demokraci dhe përfshirje më të madhe – pjesëmarrje dhe vendime më të mira për të ruajtur gjelbërimin dhe për të jetuar në një mjedis më të shëndetshëm dhe më në fund të keni një jetë më të lumtur ”, thekson Belçeva Andreevska.
Natyra nuk e kupton kompensimin
Në fjalimin e saj në tubimin e protestës, aktivistja Mila Jovanovska, tha se në maj, kryetari i Komunës së Qendrës, tha se gjelbërimi do të ruhet dhe do të plotësohet vetëm me drurë të rinj, që në ndërkohë të ndodhë masakër.
“Në qendër të qytetit, qyteti që është një nga qytetet më të ndotura në botë. A jeni koordinuar fare apo thjesht na manipuloni dhe gënjeni? Kërkesa nga Komuna e Qendrës drejt Qytetit të Shkupit për prerjen e këtyre pemëve u paraqit në prill, dhe në maj, Qyteti i Shkupit dhe “Parqet dhe Gjelbërime” përcaktuan se dhjetë pemë, jo trembëdhjetë, dhjetë janë plotësisht të kalbura dhe të zbrazura. Pse kryetari i komunës thotë se zgjidhja është për 13 pemë kur shkruan 10? Pse ai thotë se kur u hoq asfalti, nuk kishte rrënjë për pemët, prandaj u desh t’i prisnin ato? A keni bërë evidentim në terren? A nuk ishte e përshtatshme të caktoni konferencë për shtyp, të dërgonte një komunikatë për media, siç dini, të mburreni me çdo rrugë, të informoni popullin, qytetarët, banorët e Debar Maallo për këtë prerje? Natyra nuk e kupton kompensimin. Nuk mund të pështyni – ngjitni si me bekaton dhe betonin që bëni çdo mandat, ta bëni me pemët”, tha ajo.
Komuna e Qendrës mbështet të drejtën për lirinë e fjalës
Komuna e Qendrës thotë se ata mbeten të përkushtuar në realizimin e përpjekjeve për krijimin e një komune të pastër, të rregullt dhe ekologjike, kështu që ata e kuptojnë plotësisht protestën e paralajmëruar të qytetarëve me rastin e prerjes së pemëve në rrugën “Orce Nikollov” dhe plotësisht mbështesin të drejtën për lirinë e fjalës dhe shprehjes.
“Lidhur me kërkesat drejtuar Komunës së Qendrës nga organizatorët e protestës, “Qyteti i gjelbër, human”, ne duam të sqarojmë disa dilema që kanë qarkulluar në publik gjatë ditëve të fundit. Është lëshuar një vendim për heqjen e 13 pemëve, nga të cilat 8 janë hequr, pasi janë kryer më parë ekzaminimet nga shërbimet profesionale kompetente, ku është përcaktuar se këto janë pemë të vjetra, të sëmura dhe të dëmtuara. Mbulesat e pemëve degët e të cilave thyheshin gjatë çdo stuhie të madhe në qytet përbënin rrezik për qytetarët dhe kalimtarët. Në disa raste, komuna ka marrë kërkesa me shkrim nga banorët e ndërtesave përreth për të hequr pemët. Ato pemë që janë hequr do të zëvendësohen me fidanë të rinj, me cilësi të lartë, ndërsa për pjesën tjetër do të kërkohen zgjidhje plotësuese,” thanë ata.
Komuna thekson se projekti për rrugën “Orce Nikollov” në Komunën Qendër ka qenë i ekspozuar në inspektim për dy vjet, se është publikuar në uebfaqen e komunës, dhe disa herë është bërë publik.
“Qëllimi ynë përfundimtar është qytetarët të kenë një rrugë të rindërtuar cilësore dhe të sigurt.” Një nga prioritetet e punës së Komunës së Qendrës dhe Kryetarit të Komunës Sasha Bogdanovic është mbrojtja e mjedisit. Komuna Qendër mbetet në pozicionin e ruajtjes së tërë vijës së pemëve në rrugën Orce Nikollov, pemët e hequra do të zëvendësohen me pemë të reja, dhe Qendra, Shkupi dhe qytetarët do të kenë një rrugë të re, cilësore dhe të sigurt”, thonë nga Komuna Qendër.
Dragana Vellkovska për Radio MOF, nga ana tjetër, thotë se nëse njerëzit do të ishin informuar, ata nuk do të ishin revoltuar.
“Njerëzit nuk janë të revoltuar kur janë të përfshirë në procese dhe kur janë të informuar për to në kohën e duhur. Nga ana tjetër, të thuash që të gjitha pemët ishin të sëmura, ndërsa ne kemi video nga prerja, ku është e qartë se pemët e mëdha që janë plotësisht të shëndetshme janë prerë, është një tjetër mashtrim dhe fyerje e inteligjencës së njerëzve të Shkupit “, shpjegoi ajo.
Aktivisti Gorjan Jovanovski, në fjalimin e tij në protestë, tha se nëse vazhdojmë të presim dhe shkatërrojmë gjelbërimin, jo vetëm në kryeqytet që është bërë një xhungël betoni, por në të gjithë vendin – nuk do të thithim më ajër të pastër.
“Flitet se këtë vit kemi pasur ajër të pastër, thuhet se kemi harruar ndotjen, por harrojmë të llogarisim faktorët shtesë të temperaturës, erës, KOVID, të gjithë faktorët që ndikojnë dhe nuk mund të themi për shkak të situatave të tilla ne thithim ajër të pastër. Gjelbërimi na duhet të gjithëve, këtu ku jeni, sigurisht që nuk kam nevojë të ju shpjegoj pse është mirë të kesh pemë të mëdha. “Nuk duhet t’ju shpjegoj se ato zvogëlojnë temperaturën e kryeqytetit, nuk duhet të shpjegoj se ato lejojnë ajër shumë më të pastër për të marrë frymë dhe sigurisht nuk duhet të shpjegoj se ato zgjasin jetën e çdo qytetari të Shkupit dhe çdo qytetari të Maqedonisë, “tha ai.
Ivana Smilevska