Новото истражување на „Еуростат“ објавено по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, покажува дека бројот на граѓани на ЕУ кои купуваат печатени книги, списанија или весници преку интернет сè уште e значително поголем од оние што купуваат електронски книги, списанија или весници.
Истражувањето кое е направено во 2023 година во набљудувачко-истражувачка рамка од три месеци, покажало дека 13,4 отсто од граѓаните на ЕУ купувале печатени книги преку интернет, а само 7,2 отсто купувале е-книги.
Во споредба со податоците од минатите години, се забележува дека бројката на граѓани кои купувале печатени книги во 2023 година била поголема отколку во 2022 година (12,7 проценти), но помала од 2021 година (14,5 проценти).
Најголем процент граѓани што купувале печатени книги во трите месеци од 2023 година се од Холандија, Луксембург и Ирска, над 20 отсто а најмалку се од Кипар.
Во исто време, најголем број на оние што купували е-книги е забележан во Данска – 22 отсто, а најмал во Кипар – помалку од еден отсто.
Данска и Финска се единствените земји членки на ЕУ во кои повеќе луѓе купувале електронски отколку печатени книги.
Симона Паскоска