Граѓански форум „Град во криза: Што да правиме кога одеднаш ќе престане да постои јавен превоз во Скопје?“

Греаѓанскиот форум „Град во криза: Што да правиме кога одеднаш ќе престане да постои јавен превоз во Скопје?“ ќе се одржи на 1 декември (недела) во 13 часот во организација на Здружението за едукативен развој „Еквалис“.

Форумот има за цел да генерира дискусии, стратегии и точки на отпор кон моменталната криза со јавниот градски превоз во Скопје, а ќе го води Дарко Арсовски Петровски, експерт за урбан транспорт.

„Кризата со јавниот превоз во градот Скопје е резултат на крахирање на функционалноста на институциите, каде што најголемата штета ја трпат граѓан(ки)ите на овој град. Одземањето на правото на јавен превоз е најгрубо крешење на правото на движење на граѓан(к)ите особено оние коишто се потпираат само на овој начин на транспорт. Целта на овој форум е и да изнајдеме стратегии за како после ова? Оваа ситуација претставува преседан кога еден милионски град останува без јавен превоз. Потребно ни е темелно реомбислување на фунцкионалноста на јавниот превоз, а на тоа ќе се фокусираме преку овој форум каде што ќе разговараме за јавниот превоз низ призма на неговата функционалност и достапност, рутите, поврзување на различни точки во градот, како комуницираме во јавниот превоз, дали е тој безбеден за лицата со маргинализирани идентитети“, се вели во најавата.

Регистрацијата за форумот е достапна https://forms.gle/spwChC5GUQ1RbcJc7.