Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Колку и како се вклучени граѓаните и активистите во менувањето на своите заедници? Постојат ли иницијативи меѓу самите млади? Што тие прават за да се случат промени во нивните маала, општини, или на национално ниво? Постојат ли предизвици за да се шири грас-рут активизмот, а притоа да се одговори на проблемите од социјален или културен карактер? Треба ли поголемо чувство за одговорност, постои ли поширока потреба за заедничарење и солидарност?
Во „Јавна соба“ во Скопје вчера се случи првата конференција за активно граѓанство „КритукУМ“, каде генерално млади луѓе одговараа на сите овие прашања, преку свои искуства и примери за личен активизам.
Воедно, на конференцијата организирана од „Еквалис“ беше изведен „Ритамот на нашиот отпор“ – танцов перформанс на Никола Игновски и Ива Георгиева, со протестни говори од Елена Данова, Џејлан Велиу и Евгенија Јанакиеска, во изведба на Бисера Ѓуровска.
View this post on InstagramАлмира Фасљии Муарем зборуваше за нејзиниот граѓански активизам за правата на Ромите. Таа доаѓа од Тетово, но живее во Скопје. Има завршено високо образование, новинарство, но, не успеала да „кликне“ во традиционалните медиуми, затоа се насочила кон граѓанскиот сектор.
„Во Тетово бев единствена Ромка запишана на јазичен смер во гимназијата. Во текот на тие четири години, за жал, имав чувство дека постојат Роми како мене што сакаат да пробуваат, да учат, прават разлика… но и оние што просат. Комуницирав со повеќе Роми, ги сфатив сите класни разлики, проблеми, потреби, услови за облека, образование… Почнав да ги слушам нивните животни приказни, пред се’ кога се среќавале со дискриминација. Пример, кога седнале другарки во кафич (поради појавноста н.з.). Тоа се случуваше на колешки Ромки од Скопје, а јас во Тетово сум немала таков проблем. Сфатив дека не можам борбата да ја терам преку новинарството, туку да бидам во први редови на протести, преку акции, да се борам за нивните права“, посочи Фасљии Муарем.
Раскажува, на стартот се вклучила во група што се викала „Група за застапување на жените Ромки за вработување“. Така почнал и нејзиниот активизам.
„Јас бев гласот на тие што немаа глас. Одев по општини, институции, застапував, но и ги едуцирав жените. Меѓувремено се соочував и со предизвици, но секогаш ми доаѓаше глас во главата: ‘Keep swimming Dori… Ќе биде!’“, вели таа.
Откако работи во ХЕРА, им помага на жените Ромки да си ги остварат правата за додаток, здравствена заштита… Некој можеби го немал тоа искуство, вели таа, но ромската заедница наголемо се соочува со вакви проблеми.
„Благодарение на ХЕРА си го остваруваат тоа право за да имаат здравствено осигурување. Од друга страна, проблем имаат и од машкиот пол, пример за уролог. На државно не можат да најдат термин, па мора да одат на приватно, а таму е многу голема сумата. Затоа ХЕРА организира и бесплатни прегледи“, нагласува Фасљии Муарем.
За младинска иницијатива на „Еквалис“ именувана „Бесплатен оброк за секој ученик“, зборуваше Андреј Чагoрски, 22-годишник од Битола. Тој во „Еквалис“ волонтира веќе шест месеци, а иницијативата ја започнале ланскиот август.
„Цел на иницијатива е да се зголеми пристапот на подобар и поздрав оброк на секој ученик, но и да ја намалиме финансиската дискриминација во основните и средните училишта. Исто така, во период на економска криза, важно е финансиски да ги поддржиме семејствата и да го тргнеме оброкот од нивните грбови“, раскажа Чагорски.
Поддршката стигнала уште од стартот. Истовремено излегувале на терен, се среќавале со луѓе, собирале и потписи. Меѓувремено петиција со мотото #ГладенНеСеУчи се прошири и низ социјалните мрежи и цел дигитален простор.
Активистите заедно со Чагoрски уште тогаш се осврнаа на фактот што на гладен стомак не можат да се постигнат доволно добри резултати на училиште, а, истовремено, истражувања покажуваа дека во 2022 година секое трето дете не добива ниту еден здрав и квалитетен оброк во текот на еден ден. Во семејства со три или повеќе деца, речиси половина од децата немаат ниту еден здрав оброк дневно.
„Собравме околу 8.000 потписи, но се’ уште нема решение, веројатно не се доволни Министерството за образование да направиме нешто повеќе. Сепак, нема да застанеме тука“, потенцираше Чагорски.
На панел-дискусијата зборуваше и Бојан Станиќ. Тој по вокација е теориски физичар, но работи како дизајнер, од тоа го вади лебот и плаќа сметки. На настанот беше повикан во функција на активист. Раскажуваше како се активирал уште во времето на граѓанската иницијативата АМАН, кога со битолското крило на анархисти, левичари и алтернативци го основале и Дебатното кино „Контра кадар“.
„Тоа е дебатно кино во Битола, со над 200 проекции, каде пуштаме филм и дискутираме на општествено релевантна тема. Се свртеа многу филмови, луѓе, муабети, дискусии… Ние сме на хоризонтална основа, делуваме преку директна демократија, партизански, без многу услови“, нагласува Станиќ.
Бил дел и од Студентски пленум, свири и по бендови, па пред 10-15 години почнал и да организира концерти во Битола.
„Моментално функционираме како ‘Пондер’ – дискусии, концерти, изложби – се’ што спаѓа во домен на култура. Секој е потребно да се прави нешто за заедницата. Пример, во Битола немаше кој да ги кани бендови, па решив да ги поканам, партизански, преку собирање средства, донации, секој нешто ќе донесе… Претходно, така правевме и кино. Ни требаше само волја и нужност“, нагласува Станиќ.
Од друга страна, генерално, како најголем проблем за ваквите активности го посочува просторот. Вели, гледаме што значи тоа во Скопје, со МКЦ, каде борбата е голема да не се загуби оваа култна локација. А, таков простор не постои во Битола.
„Во кафичите не можеш се’ да правиш, каде најголемиот интерес им е да продаваат пијачки, а не култура. Генерално, за активизмот и културата е потребен автономен простор, каде самите би ја курирале програмата. Многу е важно да проценуваме колку ни ‘држи газот’, колку може да даваме. За мотивацијата, важни се малите победи. Тоа е она што не’ рани. Се’ додека имаме да кажеме ‘вредеше’. Треба многу активно да работиме на нашите искуства, знаења, да остане нешто позади нас. Да не не’ јаде кривица кога нема да можеме да даваме и правиме работи“, нагласи Станиќ.
Сара Миленковска од #СподелиАвторка раскажуваше како се развиваше ваквата иницијатива, со цел да ја афирмира феминистичката литература, со тоа што ќе се соберат книги и ќе бидат донирани во градските библиотеки низ Македонија. Односно, да се понуди платформа на жените писателки да се доближат до младите во руралните средини и помали градови.
„Од ‘Mрежата Стела’, невладина организација што започна герилски, се водевме од идејата за солидарност. Сакаме да го споделуваме знаењето, особено за академскиот и културниот развој на жените од Македонија“, посочи Миленковска.
Според неа, сите ние имаме одговорност кон општеството. Мораме работите да ги гледаме директно. Да се дејствува без концепт за хиерархија. Да немаме однос кон авторитетите.
„Да бидеме пркосни и да не се плашиме од она што имаме да го кажеме. А, преку ‘Сподели Aвторка’ ми беше важно да читам и одвојувам авторки кои директно пркосат на капитализмот и опресивните системи. Досега имаме донирано над 2.500 книги низ Македонија. Ова е герилски, без ресурси, бидејќи сакаме да ги заземеме јавните простори. Истовремено, да им дадеме поддршка на јавните библиотеки, бидејќи сфативме дека има многу посветени луѓе, но ја немаат системската поддршка. Самата иницијатива расте, сфаќаме колку голем удел имаме и колку е важна литературата за наше ослободување“, потенцираше Миленковска.
Како граѓанските организации да го одржуваат активистичкиот дух на младите?
За локалниот и грас-рут активизам може да помага целиот граѓански сектор, заедно со младинските организации. Но, вечното прашање во граѓанскиот сектор е како да се биде самоодржлив. Притоа, да се излезе од маѓепсаниот круг на донатори и проекти, кога организациите во страв да не стават клуч на врата се шалтаат од една до друга тема – од демократија, женски права, преку екологија до медиумска писменост – но притоа знаат да го изгубат активистичкиот дух и потребите на локалната заедница. Да го изгубат и контактот, заедничкиот „јазик“ со младите и нивните реални потреби.
На прашањето на Радио МОФ како да се надминат ваквите проблеми и да се подобри комуникацијата во младинската заедница, Миленковска вели дека треба да ги редефинираме работите што се погрешно дефинирани.
„Граѓанското општество не е само НГО секторот. Ние тоа треба да го разбираме. Дури и концептот за правење промена, според мене, треба да го гледаме ‘надвор’. Иако сум дел од невладина организација, намерно ‘Сподели Авторка’ не е дел и нема да биде дел од некој проект, туку е иницијатива. Треба да излеземе од precarity (прекарност). И, во однос на ‘јазикот’ – не може да зборуваме во нечие име. Тоа е најважниот момент. Треба заеднички да ги правиме работите, во соработка и работа на терен. Не може во некоја канцелариичка да се куцкаат работи за тоа ‘како да изгледа светот’, без да знаеш како надвор изгледа светот. Без работа на терен, без соработка на локално ниво, не постои реалност за ние да кажеме дека ‘нешто заеднички сме направиле’“, потенцира Миленковска.
На ова со став се приклучи и Бојан Станиќ. Посочува, досега делувале неформално, со цел врз себе да не чувствуваат авторитет. Се’ што ќе направат, или нема да направат во одредена ситуација, е нивна одлука, нивна одговорност.
„Е, сега, релјефот на граѓанските организации во Македонија е малку поинаков. Ние активно се трудиме да не западнеме во таа замка. Еве сега имаме проекти и нешто може да покриеме, но се трудиме да создадеме принцип на одржливост, за кога ќе заврши проектот да не треба да престанеме да правиме работи. Бидејќи, ние чувствуваме нужност да се случат работите. Тоа е нашата водилка. За мене е нужност дете уште во средно школо во Битола да гледа концерт. Нужност е и мојот геј пријател да има слобода. Така да, ние имаме должност да ослободуваме што е можно повеќе простори и како индивидуи, како колективи и заедници“, констатира Станиќ.
Инаку, во склоп на конференцијата „КритикУМ се одржа и втор панел со име „Ослободување на заробеното: Како граѓаните да си ги вратат јавните простори“, каде говорници ги споделуваа своите приказни. На сцената во „Јавна соба“ зборуваа Галена Јовановска- младинска активистка од неформално движење „Сите за МКЦ“, Зорица Здравковиќ- претставничка на Социо културен простор Тетово (Social Cultural Space Tetova), Јована Стефановска – граѓанска иницијатива „Борба за Влае“ и Александар Шалевиќ – програма за креативни активистички интервенции на „Еквалис“.
Исто така, „Еквалис“ го промовираа и Прирачникот за активно граѓанство, под авторство на Сара Миленковска.
Бојан Шашевски
-
Aktivizmi Grassroots duhet të jetojë, që të jetojnë edhe bashkësitë lokale
Sa dhe si janë të përfshirë qytetarët dhe aktivistët në ndryshimin e bashkësive të tyre? A ekzistojnë iniciative në mesin e vet të rinjve? Çfarë bëjnë ata që të ndodhin ndryshime në lagjet e tyre, komuna, apo në nivel nacional? A ekzistojnë sfida që të përhapet aktivizmi grassroots, ndërsa me këtë t’i përgjigjet problemeve të karakterit social apo kulturor? A duhet më tepër ndjesi e përgjegjësisë, a ka nevojë më të gjerë për unifikim dhe solidaritet?
Në “Dhomën publike” në Shkup dje u mbajt konferenca e parë për qytetarinë aktive “KritikUM”, ku përgjithësisht të rinjtë iu përgjigjën të gjithë këtyre pyetjevem përmes përvojave dhe shembujve të tyre për aktivizëm personal,
Njëkohësisht, në konferencën e organizuar nga “Ekvalis” u interpretua “Ritmi i rezistencës sonë”, performancë vallëzimi i Nikolla Ignovskit dhe Iva Georgievës, me fjalime protestuesxe nga Elena Danova, Xhejlan Veliu dhe Evgenija Janakievska, interpretuar nga Bisera Gjurovska.
View this post on InstagramAlmira Faslii Muarem foli për aktivizmin e saj qytetar për të drejtat e romëve. Ajo vjen nga Tetova, por jeton në Shkup. Ka kryer arsim të lartë, gazetari, por nuk ka arritur të “klikojë” në mediat tradicionale, sepse është orientuar drejt sektorit civil.
“Në Tetovë isha romja e vetme e regjistruar në drejtimin gjuhësor në gjimnaz. Gjatë atyre katër viteve, fatkeqësisht, kisha ndjeësinë se ekzistojnë romë si unë që duan të provojnë, të mësojnëm, të bëjnë dallim…. por edhe ato që lypin. Kam komunikuar me më shumë romë, i kam kuptuar të gjitha dallimet klasore, problemet, nevojat, kushtet për veshje, arsim… Fillova t’i lexojë historitë e tyre jetësore, oara së gjithash kur përballeshin me diskriminim. Për shembull, kur janë ulur shoqe në kafene (për shkak të paraqitjes [shënimi ynë] . Ajo u ka ndodhur kolegëve rome nga Shkupi, ndërsa unë në Tetovë nuk kam pasur problem të tillë. E kuptova se nuk mund ta zhvillojë luftën përmes gazetarisë, por të jem në radhët e para të protestave, përmes aksioneve, të luftojë për të drejtat e tyre”, theksoi Fasliu Muarem.
Ajo tregoi se, në fillim është kyçur në grupin që është quajtur “Grup për përfaqësimin e grave rome për punësim”. Kështu edhe ka filluar aktivizmi i saj.
“Unë isha zëri i atyre që nuk kishin zë. Shkoja nëpër komuna, institucione, i përfaqësoja, por edhe i edukoja gratë. Ndërkohë, u përballa edhe me sfida, por çdoherë më vinte një zë në kokë: ‘Keep swimming Dori… Do të bëhet!’“, thotë ajo.
Prej kur punon në HERA, u ndihmon grave rome që t’i realizojnë të drejtat e tyre për shtesa, mbrojtje shëndetësore… Dikush ndoshta nuk e ka pasur atë përvojë, thotë ajo, por komuniteti rom përballet me të madhe me probleme të këtilla.
“Falë HERA-s i realizojnë ato të drejta që të kenë sigurim shëndetësor. Nga ana tjetër, probleme ka edhe gjinia mashkullore, për shembull për urolog. Nuk mund të gjejnë termin në spital shtetëror dhe duhet të shkojnë në provat, ndërsa aty shuma është shumë më e madhe. Për këtë, HERA organizon edhe kontrolle falas”, thekson Fasliu Muarem.
Për iniciativën rinore të “Ekvalis” të quajtur “Racion falas për çdo nxënës foli Andrej Çagorski, 22 vjeçar nga Manastiri. Ai në “Ekvalis” është vullnet tash më gjashtë muaj, ndërsa iniciativën e ka filluar gushtin e kaluar.
“Qëllimi i iniciativës është që të rritet qasja në racione më të mira dhe më të shëndetshme për çdo nxënës, por edhe të ulim diskriminimin financiar në shkollat fillore dhe të mesme. Gjithashtu, në periudhë të krizës ekonomike, është e rëndësishme që t’i përkrahim financiarisht familjet dhe ta heqim racionin nga barra e tyre”, tregoi Çagorski.
Mbështetja ka ardhur që nga fillimi. Njëkohësisht kanë dalë në terren, janë takuar me njerëz, kanë mbledhur edhe nënshkrime. Ndërkohë një peticion me moton “Nukmësohetiuritur u përhap edhe nëpër rrjetet sociale dhe gjithë hapësira digjitale.
Aktivisteët së bashku me Çagorskin që atëherë iu referuan fajtit që me bark të zbrazët nuk mund të arrihen rezultate mjaftueshëm të mira në shkollë ndërsa njëkohësisht, hulumtime treguan se në vitin 2022 çdo i treti fëmijë nuk merr asnjë racion të shëndetshëm dhe cilësor gjatë ditës. Në familjet me tre apo më shumë fëmijë, thuajse gjysma e fëmijëve nuk kanë asnjë racion të shëndetshëm në ditë.
“Mblodhëm rreth 8.000 nënshkrime, por ende nuk ka zgjidhje, me siguri nuk është e mjaftueshme Ministria e Arsimit, të bëjmë diçka më shumë. Megjithatë, nuk do të ndalemi këtu”, potencoi Çagorski.
Në panel diskutimin foli edhe Bojan Staniqi. Ai me profeion është fizikant teorik, por punon si dizajner, nga ajo e nxjerrë bukën dhe paguan fatura. Në ngjarje u thirr në cilësinë e aktivistit. Ai rrëfue se si është aktivizuar që në kohën e iniciativës qytetar AMAN, kur me krahun e anarkistëve, majtistëve dhe alternatistëve të Manastirit, kanë themeluar edhe Kinemanë debatuese “Kuadër kontra”.
“Ajo është kinema debatuese në Manastir, me mbi 200 projektime, ku lëshojmë film dhe diskutojmë në një temë shoqërore relevante. Qarkulluan shumë filma, njerëz, muhabete, diskutime… Ne jemi në bazë horizontalem, veprojmë përmes demokracisë direkte, partizane, pa shumë kushte”, thekson Staniq,
Ka qenë pjesë edhe e Plenumit studentor, luan edhe në grupe dhe para 10-15 viteve ka filluar edhe të organizojë koncerte në Manastir.
“Momentalisht funksionojmë si “Ponder” – diskutime, koncerte, ekspozita – gjithçka që bie në domenin e kulturës. Çdokush është i nevojshëm që të bëhet dipçka në komunitet. Për shkembull, në Manastir nuk kishte kush t’i thërrasë bendet, dhe vendosa t’i thërrasë, në mënyrë partizane, përmes mbledhjes së mjeteve, donacioneve, çdokush do të sjellë diçka… Paraprakisht, ashtu kemi bërë edhe kinema. Na duhej vetëm vullnet dhe nevojë”, theksoi Staniq.
Nga ana tjetër, përgjithësisht, si problem më të madh për aktivitetet e këtilla e thekson hapësirë. Shohim, thotë ai, çfarë do të thotë ajo në Shkup, me QKR-në, ku lufta është e madhe që të mos humbet ky lokacion kult. Ndërsa, një hapësirë e tillë nuk ekziston në Manastir.
“Në kafenetë nuk mund të bësh gjithçka, ku interesin më të madh e kanë që të shesin pijet dhe jo kulturën. Përgjithësisht, për aktivizmin dhe kulturën nevojitet hapësirë autonome, ku vetë do ta kuronim programin. Është shumë e rëndësishmë të vlerësojmë se sa mund të përballojmë, sa mund të japim. Për motivim, janë të rëndësishme fitoret e vogla. Ajo është ajo që na ushqen. Derisa mund të themi “ia vlejti”. Duhet të punojmë në mënyrë shumë aktive në përvojat tona, njohuritë, të mbetet diçka pas nesh. Të mos fajësohemi kur nuk do të mund të japim dhe të bëjmë punë”, theksoi Staniq.
Sara Millenkovska nga “Ndajnjëautore tregonte se si u zhvillua iniciativa e këtillë, me qëllim që të afirmojmë literaturën feministe, me atë që do të mbledhen libra dhe do të dhurohen në bibliotekat e qytetit në Maqedoni. Përkatësisht, të ofrohet platformë e grave shkrimtare që të afrohen drejt të rinjve në mjediset rurale dhe qytetet më të vogla.
Nga “Rrjeti Stella”, një organizatë joqeveritare që filloi në mënyrë guerile, niseshim nga ideja për solidaritet. Duam të ndajmë njohurinë, posaçërisht për zhvillimin akademik dhe kulturor të grave nga Maqedonia”, theksoi Millenovska.
Sipas saj, të gjithë ne kemi përgjegjësi ndaj shoqërisë. Duhet që t’i shohim gjërat në mënyrë direkte. Të veprohet pa koncept për hierarki. Të mos kemi raport ndaj autoriteteve.
“Le të jemi sfidues dhe të mos kemi frikë nga ajo kë kemi për të thënë. Ndërsa, përmes “Shpërndaj një autore”, për mua ishte e rëndësishme që të lexojë dhe të veçoja autore të cilët në mënyrë direkte e sfidojnë kapitalizmin dhe sistemet shtypëse. Deri tani kemi dhuruar mbi 2.500 libra nëpër Maqedoni. Kjo është guerile, pa resurse, sepse duam të pushtojmë hapësirat publike. Njëkohësisht, t’i japim mbështetje bibliotekave publike, sepse kuptuam se kemi shumë njerëz të përkushtur, por nuk e kanë mbështetjen sistematike. Vet iniciativa rritet, kuptojmë se sa pjesë të madhe kemi dhe sa është e rëndësishme literatura për çlirimin tonë”, potencoi Millenkovska.
Si ta mbajnë organizatat civile frymën aktiviste të të rinjve?
Për aktivizmin lokal dhe grassroot mund të nidhmoj i gjithë sektori civil, së bashku me organizatat rinore. Por, pyetja e zakonshme në sektorin civil është se si të jesh i vetë qëndrueshëm. Me këtë, të dilet nga rrethi vicioz i donatorëve dhe projekteve, kur organizatat, nga frika se mos vendosin çelësin në derë, hidhen nga një temë në tjetrën – nga demokracia, të drejtat e grave, përmes ekologjisë te edukimi mediatik – por në këtë proces ata dinë të humbasin frymën aktiviste dhe nevojat e komunitetit lokal. Për të humbur edhe kontaktin, “gjuhën” e përbashkët me të rinjtë dhe nevojat e tyre reale.
Në pyetjen e Radio MOF-it, se si të tejkalohen problemet e këtilla dhe të përmirësohet komunikimi me komunitetin rinor, Millenkovska tha se, duhet t’i ridefinojmë çështjet që janë të definuara gabimisht.
“Sektori civil nuk është vetëm sektor NGO. Ne duhet ta kuptojmë atë. Madje edhe konceptin për bërjen e ndryshimit, sipas meje, duhet ta shohim “jashtë”. Edhe pse jam pjesë e organizatës joqeveritare, qëllimisht “Shpërndaj një autore” nuk është pjesë dhe nuk do të jetë pjesë nga ndonjë projekt, por është iniciativë. Duhet të dalim nga precarity. Dhe në lidhje me “gjuhën” – nuk mund të flasim në emër të dikujt tjetër. Ai është momenti më i rëndësishëm. Duhet t’i bëjmë punët bashkërisht, në bashkëpunim dhe punë në terren. Nuk mund të shtypen gjërat diku në ndonjë zyre për atë “si duhet të duket bota”, pa ditur se si duket bota jashtë. Pa punë në terren, pa bashkëpunim në nivel lokal, nuk ekziston realitet që ne të themi se “kemi bërë diçka bashkërisht”, potencoi Millenkovska.
Kësaj i’u bashkangjit me qëndrim edhe Boja Staniqi. Ai thekson se, deri tani ka vepruar joformalisht, me qëllim që të mos ndjejnë autoritet ndaj vetes. Gjithçka që do të bëjnë, apo nuk do të bëjnë në një situatë të caktuar, është vendim i tyre, përgjegjësi e tyre.
“Tani lehtësimi i organizatave qytetare në Maqedoni është pak më ndryshe. Ne në mënyrë aktive po mundohemi që të mos biem në atë grackë. Tani kemi projekte dhe mund të mbulojmë diçka, por po mundohemi të krijojmë parim të qëndrueshmërisë, që kur të përfundojë projekti të mos nevojtiet të ndalemi të bëjmë punë. Sepse, ne ndjejmë nevojë që të ndodhin punët. Ai është udhëzimi ynë. Për mua është e nevojshme që një fëmijë që në shkollë të mesme në Manastir të shohë koncert. Është e nevojshme që edhe miku im gej të ketë liri. Kështu që, ne kemi për detyrë të çlirojmë sa më shumë të jetë e mundur më shumë hapësirë edhe si individ, si kolektiv dhe bashkësi”, konstaton Staniq.
Përndryshe, në kuadër të konferencës “KritikUM u mbajt edhe një panel i dytë me emër “Çlirimi i kapjes: Si t’i kthejnë qytetarët hapësirat publike”, ku folës i ndajnë historitë e tyre. Në skenë në “Dhomën publike” folën Galena Jovanovska – aktiviste rinore nga lëvizja joformale “Të gjithë për QKR”-në, Zorica Zdravkoviq – përfaqësues e Hapësirës Socio Kulturore Tetovë (Social Cultural Space Tetova), Jovana Stefanovska – iniciativë qytetare “Luftë për Vllae” dhe Aleksandar Shalleviq – programi për intervenca kreative aktiviste të “Ekvalis”
Gjithashtu, “Ekvalis” promovoi edhe doracakun për qytetari aktive, nën autorësinë e Sara Millenkovskes.
Bojan Shashevski