Статуа која потсетува на познатата биста на античката египетска кралица Нефертити беше исмеана од голем број луѓе поради непрецизноста со која е направена и грдиот изглед.
Статуата набрзо стана мета на интернет корисниците кои не останаа рамнодушни.
This is “Nefertiti” in #Egypt‘s city of Samalut. I guess this is what she looked like four days after she died. pic.twitter.com/c8S6NJBpmh
— Amro Ali (@_amroali) July 5, 2015
Фотографии од статуата го преплавија Египет на кои луѓето ја споредуваат со чудовиштето на Франкенштајн, локални политичари, па дури и Муамер Гадафи.
Close enough. #نفرتيتي pic.twitter.com/NIK0BTbU04
— Mahmoud محمود (@MaadMahmoud) July 5, 2015
Огромната статуа на кралицата Нефертити, која заедно со нејзиниот сопруг фараонот Акенатен владееја пред повеќе од 3 000 години, беше поставена на автопат кој води кон градот Самалут. Статуата е направена според бистата која денес е изложена во Новиот музеј во Берлин. Меѓутоа, поради огромниот број реакции кои пристигнаа за статуата, градските власти соопштија дека е тргната, а ќе биде заменета со статуа на гулаб кој ќе симболизира мир.