Јамајканската музичка и филмска и супер модел, Грејс Џонс со својот спектакуларен јавен настап ова лето пристигнува во Скопје.
Џонс доаѓа на новото издание на фестивалот „Скопје колинг 2024“ што ќе се одржи на 6 јули на стадионот на АРМ.
„Веројатно не постои светски артист на оваа планета (освен, се разбира, David Bowie) кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети како Grace Jones, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња. Некои од нив се: ‘Musical mastermind’, ‘Amazing Grace’, ‘Timeless’, ‘Art aristocrat’, ‘True diva’, ‘Goddess of Rhythm’, ‘Pop culture icon’, ‘Fashion Icon’, ‘Vamp Woman’… а покрај сето тоа, таа е и Super Model и Movie Star.“, велат од „Авалон продукција“.
Во пресрет на настапот од продукцијата го препорачуваат албумот „Nightclubbing“ кој е „еден век пред време“.
„Дали воопшто постои друг албум во светската дискографија кој во себе содржи funk, pop, dub, soul, disco, jazz, synth pop, bossa nova, r&b, new wave и, се разбира, reggae fusion? Одговорно тврдиме дека не постои! И затоа Grace Jones нема конкуренција, затоа што никогаш не личела на никој. Од друга страна еднаш некој рече ‘не е работата што Grace Jones е пред Madonna, Lady Gaga, Beyonce и Rihanna, работата е што таа се’ уште е сите три во едно’“