Активистката за заштита на животната средина Грета Тунберг, со придонес на водечки научници и писатели подготви прирачник за борба против меѓузависните еколошки кризи во светот, чиешто објавување за октомври го најави „Penguin Random House“, пренесува „Н1“.
Книгата има за цел да им помогне на читателите да ја разберат врската помеѓу загрозување на климата, животната средина, одржливоста и домородното население и е наменета како води за обука и активизам.
„Книга за климата“ содржи придонеси од повеќе од 100 академски експерти, мислители и активисти, вклучувајќи ги романсиерите Маргарет Атвуд и Амитав Гош, научникот Салемул Хук и шефот на светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрехесус.
„Се надевам дека оваа книга ќе биде еден вид извор за разбирање на различни, но тесно поврзани кризи“, рече Тунберг.