Груевски: Ќе има надворешно тестирање за студентите

Ќе има надворешна проверка на знаењето на студентите истакна денеска премиерот Никола Груевски за време на промоцијата на новите наслови од проектот за преводи на стручни книги. Тој потврди дека во Влада се разговара за моделот на тестирањето кое неодамна беше најавено од Министерството за образование и наука.

IMG_6038

Денеска премиерот рече дека државниот испит, кој медиумите го именуваат како екстерно, се применува во повеќе земји. Тој како примери ги наведе Данска, Британија, Австралија, каде што се спроведува екстерна евалуација, или државен испит каков што има во земјите од Вишеградската група.

„Во овој момент размислуваме повеќе за државен испит, но се уште сме отворени да ги слушнеме размислувањата на сите кои имаат интерес да се вклучат во јавна дебата. Решението не е конечно, но дефинитивно е дека нешто мора да се промени. Владата чувствува одговорност да се промени таквата состојба“, изјави премиерот Груевски .

Извор: Радио Слободна Европа