Електрични ќебиња кои може да предизвикаат електрични шокови се продаваат нелегално преку интернет, предупредува група на потрошувачи, јавува „Би-Би-Си“.
Групата „Which?“ алармира дека некои од производите биле толку лошо направени што може да доведат до сериозни ризици.
Добротворната организација „Electrical Safety First“ соопштила дека пронашле многу опасни електрични производи на интернет кои се продаваат од трети лица на интернет. Тие бараат нови регулативи за заштита на потрошувачите.
Високата побарувачка на електрични прекривки е резултат на економската криза и затоа луѓето ги користат за да го минимизираат користењето на нивното централно греење. Според „Which?“, девет од единаесет електрични ќебиња биле купени од трети лица преку Али Експрес, Амазон, Ибеи и Виш.
Групата идентификувала неколку проблеми во начинот на кој се направени, спакувани и означени производите. Тие пронашле неколку електрични жици што лесно може да се излечат надвор, а забележале и дека на неколку производи им недостасуваат соодветните стандардни безбедносни ознаки. Некои од ќебињата биле неефикасни и не функционирале правилно.
„Which?“ ги повикува веб-сајотивте кои се бават со продажба на овие производи да преземат поголема одговорност и да се не дозволуваат небезбедни и нелегални производи да се продаваат преку нивните платформи.