Грузиската владејачка партија победи на спорните избори во Грузија

Грузиската владејачка партија – Грузиски сон, доби повеќе од 54 отсто од гласовите на парламентарните избори во саботата, со преброени повеќе од 99 отсто од избирачките места, соопшти изборната комисија, пренесува „Ројтерс“.

Резултатот е удар за прозападните Грузијци, кои ги организираа изборите со цел гласачите да може да изберат помеѓу владејачката партија која ги продлабочи врските со Русија и опозицијата која се надеваше дека ќе ја забрза интеграцијата со Европската унија.

ИСФЕД, групата за мониторинг на изборите во Грузија, рече дека регистрирала прекршувања, вклучително и полнење на гласачки ливчиња, заплашување гласачи и поткуп, кои би можеле да имаат влијание врз резултатите.

Оттаму велат дека не забележале значителни прекршувања при пребројувањето на гласовите, бидејќи повеќето од гласачите гласале  по електронски пат.

Изборната комисија и партијата Грузиски сон не одговорија веднаш на барањата за коментар за наводите, но во саботата и двете ги поздравија слободните и фер избори. Од партијата Грузиски сон се очекува денеска да излезат со свој коментар.

Четирите главни опозициски партии во земјата рекоа дека не ги признаваат резултатите, а еден опозициски лидер резултатите ги нарече „уставен удар“.

Милијардерот и основач на партијата Грузиски сон, Бидзина Иванишвили, кој водеше голема кампања за задржување на Грузија од војната во Украина, забележа најголем успех за својата партија од изборите во 2012 година.

„Редок случај во светот е иста партија да постигне таков успех во таква тешка ситуација – ова е добар показател за талентот на грузискиот народ“, им рече Иванишвили на партискикте поддржувачи во саботата вечерта.

Од партијата Грузиски сон велат  дека сакаат Грузија да се приклучи на Европската унија Од Брисел пак, велат дека апликацијата за членство на земјата е замрзната поради, авторитарните тенденции на партијата Грузискиот сон.

Една локална мониторинг организација побара да се поништат резултатите, врз основа на извештаите за заплашување гласачи и купување гласови, но не обезбедиле докази за фалсификување.