Американската коорпорација „Гугл“ вчера ги претстави новите функции на вештачката интелигенција „Џеминај“ направена за Андроид уредите и својата нова линија на паметни телефони, пишува „Анадолу“.
Од компанијата велат дека мобилната алатка за разговор „Џеминај Лајв“ ќе им овозможи на корисниците да имаат бесплатни разговори со вештачката интелигенција и на тој начин мобилните уреди ќе им станат моќен асистент.
„’Џеминај’ е длабоко интегриран во Андроид. Ние го обновуваме оперативниот систем со вештачка интелигенција и го редефинираме сето она што телефоните можат да го направат. Со ‘Џеминај’, ќе може да зборувате природно исто како да зборувате со друга личност. Тој може да ја разбере вашата намера, ќе го следи вашиот циклус на мисли и ќе извршува сложени задачи“, рече претседателот на Андроид екосистемот Самер Самат.
„Џеминај Лајв“ е достапен за сите корисници на Андроид системот, а веќе од наредните недели ќе биде достапен и за корисницитена Ејпл ИОС.
Во меѓувреме, до крајот на оваа година се очекува „Ејпл“ да лансира сопствена вештачка интелигенција, Ејпл Интелеџенс.