Хакер, кој тврди дека е дел од групата Анонимус, исклучи 20 отсто од веб сајтовите кои споделуваа и продаваа детска порнографија.
„Темниот интернет“ најчесто е поврзуван со криминални активности и противзаконска содржина, како познатиот онлајн пазар за дрога „Патот на свилата“.
Нападите се случувале изминатата недела на клучна структура на платформата, наречена „Freedom Hosting 2“.
На секоја хакирана веб-страница е оставена порака со предупредување.
„Ние сме разочарани“, вели пораката.
„За време на истрагата откривме дека вашиот сервер има повеќе од 50 отсто детска порнографија. Освен тоа, хостирате многу лажни сајтови, од кои некои се очигледно водени од вас за да ги покриете трошоците за хостинг“, стои дополнително во пораката.
Кога хакерот ги открил сајтовите со детска порнографија, решил да ја исклучи целата мрежа.
Твитер профилот @YourAnonNews, кој се смета за примарен социјален медиум на Анонимус, негираше одговорност за подвигот.
Но, Анонимус претходно во 2011 година го нападна оригиналниот хостинг со веб-сајтови со детска порнографија. Групата, исто така, ги нападна веб-страници на ИД и Кју Клукс Кланот.