Хакер тврди дека украл 7 милиони лозинки – Dropbox негира

Хакер тврди дека украл 7 милиони лозинки и кориснички имиња од познатата страница за прикачување фајлови и нивно споделување – Dropbox.

Хакер тврди дека украл 7 милиони лозинки - Dropbox негира

 

Антон Митјагин, од безбедносниот тим на Dropbox напиша на блог дека серверите на компанијата не се пробиени.

„Последните статии кои пишуваа дека Dropbox е хакиран не се вистина. Вашите податоци се сигурни. Корисничките имиња и лозинките се украдени од други неповрзани сервиси, не од Dropbox“, се вели во неговата објава.

Митјагин посочи на мерките кои ги има компанијата за препознавање на сомнителни најави по што веднаш автоматски се ресетираат лозинките.

Тој додава дека токму поради ваквите ситуации, тие ги советуваат нивните корисници да не ги користат истите лозинки за сите сервиси.

Претходно, Едвард Сноуден во интервју го спомена Dropbox заедно со Facebook и Twetter како „непријатели на приватноста“, односно посочи на можноста многу лесно да се навлезе во личните податоци.

Сноуден ги предупреди интернет корисниците дека Dropbox не може целосно да ги заштити податоците, односно компанијата би можела да биде принудена од владата да ги предаде сите лични податоци.

 

Извор: Тechcrunch