Хакери го избришаа видеото за „Деспасито“ и напишаа „Слобода за Палестина“

Најгледаното Јутјуб видео во историјата на платформата, видеоспотот на песната „Деспасито“ на Луис Фонси, е избришано.

Само пет дена откако беше претставено како првото видео кое досега достигнало до 5 милијарди прегледи, исчезна.

Наместо оригиналното видео, се појавуваат маскирани лица со пиштоли кон камерата, што не е дел од видеоспотот за песната. Според ова, Јутјуб и Вево се најверојатно мета на хакерски напад.

Покрај Фонси, погодени се уште неколку изведувачи, меѓу кои и Шакира, Селена Гомез, Тејлор Свифт и Дрејк. Оригиналните видеа се објавени од Вево.

Хакерите, кои себеси се нарекуваат Prosox и Kuroi’sh напишаа „Слобода за Палестина“ над видеата.