Алжирски хакери ја хакнаа страната на општина Бутел. Веќе половина ден на страната на општината стои пораката „Ослободете го Хамза“.
Насмеаниот „сајбер криминалец“ беше уапсен на 6ти Јануари за банкарска проневера во Америка, полицијата за bankogppost.com изјавила дека Хамза хакнал приватни сметки во 217 банки и компании во светот, заработувајќи околу 20$ милиони.
Во пораката на хакерите се вели дека докази за украдените пари, владата на Америка нема и дека личност како Хамза не би можел да има толку пари бидејќи живее во мала куќа со својата фамилија.