Веста дека компјутерскиот систем на оваа компанија е хакиран, се рашири вчера откако се појави закана на Reddit во која се вели дека сите компјутери во компанијата се исклучени поради хакерски напад.
Според заканата на Reddit, се појавила слика на компјутерите на вработените на која пишувало „Хакирано од #GOP“ и барањата да бидат исполнети заедно со линкови до податоци.
Корсникот на Reddit кој ја испратил заканата објавил пред една година дека работел во Sony Pictures.
Документите кои биле споменати на заканата содржеле список на имиња на датотеки, финансиски извештаи и пристап до серверите. Барањата биле со рок до 24 ноември, 23 часот, во спротивно, датотеките би биле објавени.
По заканата, вработените биле принудени да работат од дома бидејќи не биле во можност ни да пристапат до интернет.
Sony Pictures претставува американска компанија која управува со дистрибуцијата на филмски и телевизиски продукции на компанијата.
Извор: TNW