Во текот на вчерашната вечер, веб сајтовите на неколку институции станаа мета на хакерски напади и беа целосно блокирани.
При посетата на сајтовите на Министерството за информатичко општество и администрација, Јавното обвинителство и Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет), се вклучуваше музика по што се појавуваше слика со зборовите “Kissed By UstadCage_48 And”.
Утрово сајтовите повторно функционираат нормално. Веб сајтовите на македонските институции и претходно беа мета на хакерски напади.