Khalil, хакер од Пaлестина открил „bug“ на Фејсбук како ранлив дел од системот со кој се овозможува пишување на ѕидот кај туѓите профили, дури и кај корисници кои ги нема во листата на пријатели. Откако тимот на Фејсбук не направил ништо во врска со ова, тој му пишал на „ѕидот“ лично на Mark Zuckerberg, основачот на Фејсбук.
Пакистанецот објаснил во својот блог дека откако го открил пропустот, го пријавил на страницата за сигурност на Фејсбук која дава најмалку 500 долари на сите оние информатичари што ќе откријат сериозни пропусти во функционирањето на социјалната мрежа. Сепак безбедносниот тим му вратил мејл во кој одговорил дека она што го открил, не било „bug“.
Откако и по второто предупредување, тимот на Фејсбук ја игнорирал забелешката на Khalil, тој пишал директно кај Zuckerberg, со оправдување дека немало друг начин да стигне пораката.
Неколку минути подоцна, инженер од Фејбук го побарал Khalil барајќи повеќе информации за пропустот. Неговиот профил бил блокиран, а вработените во социјалната мрежа го решиле проблемот. Подоцна пристапот на Пакистанецот до мрежата бил ослободен, но поради неговата постапка и нарушување на правата на приватност на социјалната мрежа, нема да добие награда за откривањето на проблемот.
Преземено од Indiatimes.com