„Hardcore October“ во клубот „Маракана“

Во скопскиот клуб „Маракана“ на 7 октомври ќе се одржи концерт на „To Kill Achilles“, кои доаѓаат по втор пат во Скопје, после 2 години.

„Тие што беа минатиот пат, знаат за каков моќен бенд се работи“, се вели во најавата за настанот.

За прв пат во Скопје доаѓаат „The Weight of Atlas“, мелодичен металкор директно од Велика Британија.

Како локална поддршка ќе настапуваат „Short Fuse Hero“ и „Reduced to Ashes“.

Почеток на свирките е во 20 часот, а влезот е 200 денари.