Во Франција стапи одлуката според која издавањето на хартиени фискални сметки станува незадолжително, јавува „Евроњуз“.
Потрошувачите сѐ уште ќе можат да побараат хартиени фискални сметки за услугите, а фискалните ќе останат задолжителни во рестораните и јавните паркинзи.
Крајот на системското издавање на хартиени фискални сметки е мерка која француските власти ја воведоа поради зачувување на животната средина, а важи и за сметките издавани од банкоматите.
Мерката беше критикувана од дел од јавноста, бидејќи многу домаќинства хартиените фискални сметки ги користат за планирање на фамилијарниот буџет.
Сепак, хартиените сметки нема да исчезнат – потрошувачите ќе можат да побараат издавање на фискална сметка за да се расчистат нејаснотии околу цената на некои производи или услуги, а хартиените фискални сметки остануваат задолжителни во рестораните, фризерските салони, хотелите и јавните паркинзи.
Дополнително, француските потрошувачи од почетокот на август се соочија со зголемување на тарифите за електрична енергија за 10 отсто, зголемување кое е предвидено за домаќинствата и малите бизниси, што ја рефлектира желбата на властите да се намали трошокот на јавните финансии.