Првата американска држава која ќе се обиде судски да ја спречи забраната за патување за жители на шест муслимански земји во САД е Хаваи.
Државните правобранители побарале од федералниот суд во Хонолулу да издаде итна наредба со која ќе се спречат извршните одлуки на Трамп за рестрикција во патувањето.
Одлуката на Трамп привремено ги стопира сите бегалски програми во САД. Не важи за патниците кои веќе имаат валидна виза.
Државата отвори судска постапка и за првата забрана на Трамп, но тужбата беше ставена во мирување.
Во документот пишува дека одлуката ќе и наштети на муслиманската популација на Хаваи, туризмот и странските студенти.
„Хаваи е посебна држава во тоа што никогаш не дискриминирала ниту во историјата, ниту во својот устав“, вели генералниот секретар за правда во Хаваи, Даг Чин.
„Дваесет проценти од луѓето се родени во странство, 100 илјади немаат државјанствои 20 проценти од работната сила е родена надвор од Хаваи“.
Регионалниот судија Дерик Вотсон го одобрил барањето на државата да продолжи со тужбата и закажал сослушување за 15 март, денот пред наредбата на Трамп да стапи на сила.