Game of Thrones e на само еден месец од премиерата на четвртата сезона, а HBO се надева дека ќе привлече нови фанови и преку музика. Не станува збор за музиката од самата серија, туку за објава на 10 теми во кои со хип-хоп и латино песни ќе се промовира серијата.
Според The Wall Street Journal, Common, Wale и Big Boi (Outkast) се меѓу десетмината изведувачи кои HBO ги побара за да прават музика за Game of Thrones, односно за изданието кое се очекува да биде бесплатно достапно онлајн во петок. Со помош на Kanye и Jay Z, албумот е насловен „Catch the Throne.”
Секоја песна има хип хоп битови над дијалозите и музиката од серијата. Како што пишува The Wall Street Journal, HBO одбиле да кажат колку биле платени музичарите за работата на овој албум. Сепак, додава весникот, целта на HBO е да се допре до афроамериканската и латино публиката.
„Нашата мултикултурна публика е многу важен дел од нашите претплатници“, вели Лусинда Мартинез од HBO.
HBO го почна овој проект откако с епокажа дека имаат бројна рап публика фанови на оваа серија. Траката на Big Boi од албумот „Mother of Dragons,” веќе е достапна на стримот на Pitchfork.
Извор: Тheverge