Heart Beats #007 овој четврток во клубот Cabaret Black Cotton ќе организираат забава со хуманитарна цел.
За доброто расположение со свежи breaks, bass & beats од срце ќе се погрижат: DARKo STEPic [D2 / Течна Кујна – Канал 103 / RBMA], Tecktone [Neuritmix – Студент ФМ] и Ogie [МЈМ / BTKRSH].
Сите средства собрани од журката ќе се донираат за хуманитарни цели, за помош на 14-годишно момче кое веќе еднаш е оперирано од тумор на мал мозок. Операцијата чинела 40.000 евра, но има момчето потреба и од пост-оперативно лекување во Турција кое чини 100.000 евра, пари што родителите не может да ги обезбедат.
„Вие драги гости, со секоја испиена пијачка индиректно ќе се приклучите во акцијата! Секако, немора да чекате да дојде четврток и да залегнете на шанк, можете да донирате средства уште сега. From Heart Beats with Love“, порачуваат организаторите на забавата.