Хеликоптерот на НАСА го оствари својот прв контролиран и енергетски лет на друга планета, пренесува „Индипендент“.
Податоците испратени од површината на Март покажуваат дека хеликоптерот се лансирал во воздухот, каде се задржал 30 секунди, па безбедно слетал на почвата.
Ова е прв пат во историјата хеликоптер да лета на друга планета, но и прв пат како едно летало извршило контролиран лет.
Летот го одбележува почетокот на „месецот на генијалноста“, период во кој вселенската агенција планира подолги летови над површината на Марс.
Фотографиите испратени од навигациската камера на леталото, покажуваат дека тоа лебдело во воздухот.
Роверот „Упорност“ кој го однесе хеликоптерот на Марс, исто така пратил податоци од летот на хеликоптерот.
„Сега можеме да кажеме дека луѓето направиле лет и на друга планета“, изјавила координаторката Мими Онг, додавајќи дека дел од луѓето инволвирани во мисијата работеле од дома, па прославата потфрлила.
Хеликоптерот нема вградени алатки за истражување, а неговиот лет не е дел од истражувачка мисија. Напротив, леталото треба да ја тестира технологијата за во иднина.
Генијалноста кај хеликоптерот е начинот на кој е изграден – инженерите изградиле летало кое е лесно и се движи многу брзо поради атмосферата на Марс која е многу ретка.
Истовремено, леталото е издржливо и се спротивставува на силните ветришта на Марс, како и екстремно ниските температури. За да се изгради хеликоптерот биле потребни шест години.
НАСА избрала рамна површина без многу камења како писта за хеликоптерот, кој се одвоил од роверот „Упорност“ на 3 април.