Во среда, од 12 до 16 часот, здружението Хера организира Твитатон насловен „Не паѓај на површни кампањи!“. Притоа во овој термин, на твитет со користење на хаштаг #абортус, сите ќе можат да го споделат својот став за кампањите против абортусот, но како што додаваат од ХЕРА, и за сите други „добри“ работи што ни се случуваат.
„Кампањата против абортусот, или како што другите милуваат да ни кажат, кампањата за запознавање на јавноста со негативните последици од абортус, започнаа пред 4 години. Се разбира кампањите не беа цел сами за себе. После неколку години од неборени минути на владини кампањи и потрошени милиони денари на буџетски пари, ова лето се случи промената на законот за абортус.
Овој закон не беше во прилог на жените во нашата земја. Овој закон само го отежнува пристапот до абортусот. Најверојатно веќе знаеете за задолжителните три дена чекање и задолжителното советување, пропратено со целата друга медицинска и адмистративна документација“, потсетуваат од здружението во повикот за твитатонот.
Последното истражување на ХЕРА за владините кампањи против абортусот и јавната перцепција даде загрижувачки резултати, поради што бараат сите заедно да се спротистават на овие манипулативни кампањи.