„Хероините на Југославија“ – нов проект на уметникот Зоран Кардула

По повод 8ми март -интернационалниот ден на жената, уметникот Зоран Кардула го престави својот нов проект „Хероините на Југославија. На овој начин, вели,  сака да оддаде почит кон 91 жени, народни херои, жени, борци кои го дигнаа својот глас против окупаторот, против фашизмот, а голем дел од нив со живот ја платија слободата.

„По распаѓањето на Југославија останаа заборавени дури и со тенденција сосема да се миноризира нивната борба. Во време кога национализмот, шовинизмот па и фашизмот повторно наоѓа плодна почва на овие простори сакав со поинаков уметнички пристап, во стилот на ПОПАРТ да ги доближам до младата популација. Сакам да им укажам на големината и храброста на овие жени борци“, вели Кардула.

Како основа ги користи одличните цртежи на академскиот сликар и мајстор на стрипот Зденко Свирчиќ. Меѓу нив се портретите на најмладите жени херои Фана Кочовска и Ибе Паликуќа кои со свои 14 и 15 години се приклучија на партизаните; Даринка Радовановиќ пред чии очи и биле убиени двете ќерки но таа и покрај тоа не го издала местото каде биле скриени ранетите партизани; Лепа Радиќ која пред да биде обесена од СС трупите извикала „Ние ќе победиме“. Последната хероина која почина пред неколку дена поточно на 26.2. 2018 е Даница Милосављевиќ, болничарка на Првата пролетерска бригада и бомбаш на Втората.

Неговите дела, објавени на сајтот „Bored Panda“, погледнете ги во продолжение: