Ивана Илиевска од Куманово со нејзината фотографија за Херојот од Кратово е победникот на #ВремеНаХерои.
На конкурсот кој го организираше Радио МОФ пристигнаа 20 херојски фото-приказни, кои беа споделени со нашите читатели/слушатели, по што секој можеше да гласа за најдобрата фото-приказна и за омилениот херој.
Покрај гласовите од публиката, за тоа кој е победник на конкурсот бодови даваше и жири-комисија составена од фотографот Ванчо Џамбаски и претставник на Радио МОФ.
Фотографијата која се издвои како победник е херојот број 10, „Кратово, Македонија : Херојот зад аголот, херојот на секојдневието. Нема речиси ништо, но има љубов за животните”.
Како што наведува во својата апликација младата Ивана Илиевска, фотографијата е направена во март, оваа година.
Наградата за победникот на #ВремеНаХерои, како што беше објавено и во самиот повик за конкурсот, е Nokia Lumia 1020, телефон чија камера има 42 мегапиксели.
Во продолжение галерија од сите пристигнати апликации.
Херој бр.2 Девојчето од Куманово
Херој бр.3 Протест средношколски пленум
Херој бр.4 Рефлексија – македонска мајка
Херој бр.5 /1 Акција на ЛезФем „Лезбејките ви посакуваат“
Херој бр. 5/2 Акција „Заборавените хероини“
Херој бр.6 Хероина која сака да живее тука
Херој бр.7 …е како бе мамо “не ни даваат да живееме”?
Херој бр.8 Love against police brutality
Херој бр.9 Изгради ја иднината во рушевините на минатото
Херој бр.10 Кратово, Македонија : „Херојот зад аголот, херојот на секојдневието. Нема речиси ништо, но има љубов за животните”.
Херој бр.11 [Протест: СТОП за полициската бруталност (25 јуни 2011)
Херој бр.13 [Протести пред Кампот за азиланти во Чаир (15 јуни 2015)
Херој бр.14 Будење. Реакција. Кај сме? Што сме? Протестирај! Рефлексија на животот и копнежот
Херој бр.15 Марш со маски против загадувањето со цел за намалување на загаденоста
Херој бр.16 Мојот дедо мојот херој
Херој бр.17 08.05 Денот кога се случи трагедијата во Куманово
Херој бр.18 Херојските патешествија на мигрантите до подобар живот
Херој бр.19 Февруари 2015, Хуманитарна акција по повод големи поплави кои го зафатија кумановскиот крај