Hidden from Google е нов сајт кој всушност е своевидна листа на линкови, кои Google, на барање на граѓаните на Европа мора да ги отстрани од прикажаните резултати, објави BBC, а пренесе It.com.mk.
Страната веднаш доби свои поддржувачи, пред се, во луѓето кои протестираа дека одлуката на Eвропскиот суд е одлука против слободата на говорот. Судот му нареди на Google да ја почитува приватноста на корисниците така што, по нивно барање, ќе ги тргне линковите до содржина која ја нарушува приватноста и кои не се релевантни веќе.
„Постои информациски јаз и доколку може да ги верификувате примерите, може да креирате листа“, вели Афак Тарик, девелоперот кој ја постави страната. На „Hidden from Google“ се поставуваат единствено линкови кои потврдено се цензурирани насекаде во Европа. Содржините кои ги прикажува пред се доаѓаат од корисниците, но доколку се покаже дека линкот не е цензуриран насекаде во Европа тој се отстранува.