На 14 март во Младински културен центар ќе се случува целодневен хип-хоп фестивал наречен „Come Clean“.
Од Њујорк доаѓа хип-хоп легендата Jeru Da Damaja, а ќе гостува и Smoke Mardeljano, најавен како „најтврдиот хип-хоп од Србија“.
Исто така, оние што биле на „Skopje Vinil Convention“ знаат за Skill & Jose од Бугарија, кои ќе го претстават проектот „Без компромис” заедно со Sistah.
Домашната сцена ќе ја претставуваат Zad Agolot и Funky Fresh.
КонтраНапад ќе го промовираат својот прв албум „Нека Вози” во бифе „Фросина“, а за љубителите на театарот, воедно и љубители на хип-хопот – првата хип-хоп театарска претстава во регионот – „Црнила ремикс“
Фестивалот „Come Clean“ во МКЦ почнува од 18 часот.