Македонски хип-хоп клуб, „Break a Leg“ се закити со три титули на Европското првенство во хип-хоп 2022 на кое учествуваа над 1800 танчери, од 21 земја од Европа.
Танчерите од клубот прогласени се за европски шампиони во категоријата „Хип-хоп натпревар за деца“ и „Хип-хоп натпревар за возрасни“, како и европски вицешампиони во категорија деца-формации, во конкуренција на 11 репрезентации.
Следен предизвик за танчерите ое Светското првенство во хип-хоп, кое ќе се одржи во Австрија.
„Break a Leg“ заедно со „Eat the Beat“ се организатори и на Европското првенство во џез – модерен и класичен балет, со што нашата земја повторно ќе ги обедини најдобрите од најдобрите танчери од Европа.