Пресудата против рускиот опозиционер и критичар на Кремлин, Алексеј Навални за новите обвинувања за измама покажува дека Москва ја интензивира акцијата против дисидентите дома, додека ја продолжува неиспровицираната инвазија на Украина, соопшти организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“.
„Намерата на оваа пресуда не е само да го замолчи Навални, туку да биде предупредување за руското граѓанско општество и секој кој ќе се осмели да се спротистави на политиката на Кремлин“, изјави директорот на ХРВ за Европа и Азија Хју Вилијамсон.
Навални кој веќе издржува затворска казна од три и пол години поради кршење на правилата за условна слобода, вчера беше осуден на дополнителни девет години затвор за измама „од особено големи размери“. Навални ќе мора да плати и глоба во вредност од 11.200 американски долари.
[Обновено] Рускиот опозиционер Навални доби нови 9 години затвор
„Навални направи измама, поточно присвоил туѓ имот со измама“, рече судијката Маргарита Отова во пресудата.
Покрај тоа што судот го прогласи Навални за виновен по сите четири точки од обвинението за „измама од особено големи размери“, тој е обвинет и за непочитување на судот.
На рочиштето на 15 март, државното обвинителство побара од судот да го прогласи за виновен по сите точки од обвинението и да го осуди на 13 години затвор и парична казна од 1.2 милиони рубљи.
Одбраната побара ослободителна пресуда, негирајќи ја неговата вина.