Субвенцијата од 4.000 евра важи само за автомобили до 45.000 евра и е насочена кон долниот крај на пазарот, да им се помогне на возачите кои имат бензин и дизел возила да преминат кон зелените алтернативи. За да се квалификува за субвенција, автомобилот мора да ги исполни државните стандарди и да се купи од специјален продавач, за да се спречат потенцијални измамнички побарувања за грантот.
Целосните детали за шемата за субвенционирање се очекува да бидат објавени во наредните недели.
Бидејќи се повеќе електрични автомобили ќе дојдат на пазарот во текот на следните пет години, субвенцијата ќе се дава постепено и ќе биде целосно отстранета до 2025 година. Холандија не е прва земја што понуди финансиски стимулации да ги ослободи луѓето од бензински автомобили.
Во Велика Британија се одвојуват максимум 3.500 фунти за приватните купувачи да ги намалат трошоците за електричен автомобил.