Музеите и колекциите во Холандија поседуваат 3.200 слики и предмети украдени од еврејски сопственици, а холандската влада вчера објави дека ќе ги врати сите украдени дела за време на Втората светска војна, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Како што се наведува, прво ќе се испита потеклото на уметничките дела, а доколку не се најде вистинскиот сопственик, тие ќе бидат предадени на еврејската заедница.
Еврејските организации ја поздравија одлуката како „морално исправна“.
„Позицијата на ЦЈО отсекогаш била дека Холандија не треба да профитира на било кој начин од убиството на шест милиони Евреи и нивното страдање за време на Втората светска војна“, соопшти Централната федерација на еврејски организации (ЦЈО).