Холандска компанија за биохемија би отворила кикстартер кампања за нов проект кој нуди изработка на пластични шишиња изработени од шеќерите достапни во неколку растенија.
Плановите на компанијата „Авантиум“ веќе ја добија поддршката од пивскиот бренд „Карлсберг“, кој сака да ги продава своите производи во картонска амбалажа која внатре би била обложена со обновливата пластика. За добивање на „шеќерната“ пластика, ќе се користат пченица, пченка и цвекло.
Овој проект добил поддршка и од „Кока-кола“ и „Данон“, кои се надеваат дека ќе ја продолжат иднината на своите производи, но со избегнување на еколошката катастрофа предизвикана од загадувањето од пластика.
Околу 300 милиони тони пластика од фосилно гориво се изработува секоја година на глобално ниво, што е една од причините за климатската криза. Голем број од пластиката не се рециклира со што се зголемува присуството на микропластиката во океаните, за чие комплетно разградување се потребни стотици години.
„„Шеќерната“ пластика е обновлив материјал бидејќи не содржи фосилно гориво – па може да се рециклира, а исто така се разградува многу побрзо од од обичната пластика“, истакна Ван Акен, генералниот директор на „Авантиум“.
Овој материјал на „Авантиум“ е доволно силен за да ги издржи газираните пијалоци, а преку тестирање е докажано дека тој според условите, се разградува за една или три години. Сепак, првичната идеја е материјалот да се рециклира.
Шишињата се очекува да се достапни во 2023 година, а за почеток компанијата планира годишно да произведува околу 5,000 тони пластика. Оттаму нагласиле дека произведувањето на шишињата би се зголемило според побарувачката.
Извор: Guardian