Четирите најголеми холандски градови работат на законски решенија за забрана на рестораните за брза и нездрава храна, како мерка против дебелината. Се смета дека градските власти моментално имаат мала законска моќ за да дејствуваат против нездравите опции за храна кои ги бомбардираат граѓаните, пренесува „NLTimes“.
Амстердам, Хаг, Родердам, Утрехрт и ИД, испратиле писмо до државниот секретар за јавно здравје, Пол Блок, барајќи повеќе ресурси за запирање на растот на отворање на ресторани за брза храна. Тие сакаат да го прошират Актот за чиста средина и да додадат нови ставки бидејќи храната е дел од дефиницијата за безбедна и здрава физичка средина.
Моментално, општините имаат многу малку опции за намалување на бројот на понудите за нездрава храна во градовите, смета Ана де Рујтер, професoрка на Универзитетот во Амстердам.
„Бидејќи гледаме на храната како индивидуален избор, не е можно општините и властите да интервенираат во Актот за чиста средина. Доколку се прошетаме по некој јавен простор и замириса на ѓубре од блиските контејнери, тогаш тоа е нешто што ни се случило нам. Не сме го избрале тоа. Тогаш властите треба да преземат нешто за да го спречат тоа. Кога одлучуваме да се храниме нездраво, тоа е нешто што самите го избираме“, вели професорката.
Таа додава дека прашањето со храната е политички комплицирано прашање.
„Тоа го отвара прашањето колку индивидуалната слобода е во корелација со јавната одговорност. Прашањето може и да се изврти – „До каде дебелината е сѐ уште индивидуална одговорност? Истражувањата покажуваат дека изборот на храна во околината влијае и го ограничува изборот за оброци на граѓаните“, вели Рујтер.
Од Министерството за јавно здравје и спорт изјавиле дека ќе соработуваат со општините за да осмислат возможни мерки кои би ја направиле достапноста на здрава поисполнета со здрави опции.