Бразилскиот врховен суд, вчера, на 23 август, одлучи дека хомофобичните навреди сега се казнуваат со затворска казна, одлука која беше поздравена од активистите во земјата каде насилството врз ЛГБТ+ заедницата е многу голема.
Со оваа одлука, хомофобичниот говор на омраза се изедначува со расистичкиот говор на омраза, кој веќе е казнив со затвор.
Судијата Едсон Фашин, водечкиот судија на случајот, изјавил дека дека неговата одлука е „конституционален императив“ бидејќи им овозможува на ЛГБТ+ лицата еднаква законска заштита.
Во 2019 година, бразилскиот суд одлучи дека хомофобијата е криминал, исто како расизмот.
Но, неодамнешната одлука се однесува за навреди кон ЛГБТ+ заедницата како целина, а не напади кон една индивидуа.
Отсега, навредите ќе бидат казниви со две до пет години затвор.
Групациите за човекови права минатата година регистрирале 228 убиства на ЛГБТ+ лица. Според нив, Бразил е најсмртоносна земја за транс лицата, каде во периодот од 2008 до 2022 биле регистрирани 1.741 убиство на транс лица.