Една од говорничките на на дванаесеттиот ENGAGE, единствениот настан за социјален активизам, е Христина Божиновска Ѓикова.
Христина доаѓа од Младинско здружение на глуви и наглуви „Млад Знак“ и е млада активистка за правата на лицата со оштетен слух. Tаа ќе зборува на темата: „Како „Мое здравје“ стана гласот на лицата со оштетен слух“.
Христина учествува на многу проекти поврзани со проблемите на глувите, на младите и знаковниот јазик како културен идентитет. Таа активно го промовира знаковниот јазик на млади родители чии деца се глуви, афирмација на барањето за право на толкувач,“wikipedia-wikimedia“ на знаковен јазик и многу други иницијативи и акции кои ги спроведува заедно со нејзиниот тим. Taa посебно се гордее со „Мое Здравје“, а борбата сѐ уште трае!
Дванаесеттиот „ENGAGE“ ќе се случува на 9 јуни (петок) со почеток од 14 часот во Младинскиот културен центар во Скопје, каде ќе се одржат инспиративни говори на странски и домашни активисти, креативни работилници, како и вечерна журка со бендови – „ENGAGE the night“. Вечерната програма од 20 часот ќе биде преземена токму од растечкиот Гола Планина колектив, кои ќе претстават шест свежи бендови со авторска музика.
Целиот настан е бесплатен, а регистрацијата е отворена преку сајтот www.engage.mk.
Настанот за социјален активизам „ENGAGE“ е организиран од Радио МОФ и Младински образовен форум, а поддржан од National Endowment for Democracy.