Хрватските студенти генерално се задоволни од квалитетот на животот, од студиите и студирањето покажува податокот дека 65,3 проценти од студентите повторно би се запишале на истиот факултет, но загрижува тоа што речиси 50 отсто во последниот месец се чувствувале уморни и исцрпени, јавува „Јутањи лист.“
„Јас очекував подобри резултати за физичкото и менталното здравје на учениците”, изјави професорката Ирма Ковчо Вукадин, раководител на проектот „Проверка на квалитетот на животот на студентите во Хрватска”, за време на презентацијата на резултатите од истражувањето, во кое е преку онлајн анкета биле вклучени 1.880 редовни студенти од високообразовните институции во Хрватска, во април и мај оваа година.
Тоа е првата национална студија за квалитетот на животот на студентите, а имплементирана е од страна на Едукациско -рехабилитацискиот факултет со поддршка од Канцеларијата за спречување на злоупотреба на дрога.
„Она што загрижува е дека околу половина од студентите се согласуваат со изјавата дека во последно време се чувствуваат уморни и исцрпени,што повлекува други прашања – што е причина за такви чувства на младите луѓе и на останатите”, истакна Ковчо Вукадин, додавајќи дека ова се вредни повратни информации кои управите на високообразовните институции треба да ги земат во предвид кога се размислува и работи на подобрување на квалитетот на нивните студиски програми.
Според анкетата, во последно време дека се главно уморни изјавиле половина од студентите, дека се исцрпени се изјасниле 48 од нив, а како напнати или нервозни се опишуваат 41,3 отсто.
Особено се издвојуваат неколку податоци – само 34,2 отсто од студентите вежбат редовно, а само 36,1 отсто од нив велат дека се во добра физичка состојба.
„Треба да се види колку време студентите дневно мора да поминат на факултет, присуството на наставата е задолжително и тоа не е прашање на избор на студентот. Во прашањето е умешноста за организирање на распоредот на предавања, особено кога часовите се спроведуваат на неколку локации во градот”, додава Ковчо Вукадин.
Кога станува збор за ризичното сексуално однесување и зависностите, истражувањето покажува дека 24,6 проценти од студентите не стапиле во полови односи, како средство за заштита обично ги користат кондомите (63,5 проценти) или природни методи (37,7 отсто), а бројот на секс партнери во минатата година се движел од еден до 34.
На гинеколошки преглед никогаш не биле дури 28,1 отсто од студентите, а прекин на бременоста имале 2,4 проценти.Меѓу супстанции кои создаваат зависност како водечки се споменуваат прво алкохолот, а потоа марихуаната или хашишот.
Анкетата покажала дека еднаш месечно дури 77 проценти од студентите земаат таблета за смирување.