Од денеска, преку телевизијата „РТЛ2“ почнува програма која е наменета за сите матуранти во Хрватска која ќе трае од 9:30 до 11:30 часот, а телевизиските подготовки за матура ќе продолжат да се емитуваат секоја сабота, пишува „Вечерњи лист“.
„’Матура на РТЛ2′ ќе се однесува на припремите за матура за хрватски јазик, па така, наставниците по хрватски јазик и научниците од Институтот за хрватски јазик и лингвистика преку видеолекции ќе им помогнат на матурантите што поквалитетно да се спремат за полагање на есејот за матура“, порачуваат од хрватското министерство за образование.
Од министерството препорачаа и колку часови и обем на работа се потребни на учениците од дома. Учениците од прво до четврто одделение не смеат да се оптеретуваат со повеќе од пет часови учење дневно, постарите основци пак со повеќе од шест часови, средношколците со повеќе од седум часови, додека матурантите со повеќе од осум часови.
Моментално во Хрватска, преку различни канали како интернет и телевизија, продолжува да се одвива наставата. Од тамошното министерство потенцираа дека наставната година нема да биде поништена, а во однос на матурата велат дека ќе се полага во летните или есенските месеци.