На Факултетот за драмски уметности утре (6 март) со почеток во 20:30 часот ќе се одржи мјузиклот „Тeатар во визба“ по сценарио и режија на Снежана Конеска Руси.
Мјузиклот е на волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Град Скопје во соработка со Средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ и здружението „Животна искра“.
Влезот за мјузиклот е слободен, а собраните средства од донации во касичките на Црвен крст ќе бидат наменети за мали подароци за пациентките оперирани од канцер, во знак на внимание.
„Со овој гест сакаме да дадеме поддршка кон пациентките кои се борат против ова заболување, а воедно и да ја подигнеме јавната свест. Ве очекуваме!“, стои во соопштението на настанот.
Исто така, организаторите потенцираат дека и оваа година традиционално во пресрет на денот на жената 8 март ќе ја посетат Клиниката за онкологија.