Здружението „Василичарите од Боемска“ најави дека утре ќе се одржи хуманитарен настан на улицата „Боемска“ со почеток во 16 часот, одбележувајќи го празникот Василица.
На настан ќе се продава македонските традиционални јадења, како и греана ракија и греано вино. Средствата собрани од продажбата ќе бидат донирани на децата со Даунов синдром од НВО дневниот центар Доза среќа.
„Дојдете заедно да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците, да си помагаме, да бидеме солидарни и хумани“, велат „Василичарите од Боемска“.